Свети Илија претставува македонска православна црква во гостиварското село Пожаране. Црквата е изградена во 1902 година од страна на Герасим, Наумче и Јаков Тофилоски, а возобновена е во 2009 година од страна на нивните потомци. До неа се пристига по асфалтен пат. На 2 август по повод патрониот празник Илинден секоја година се одржува прослава пред истата. До црквата има чешма, возобновена во последните години, која надалеку е позната по лековитото дејство.

Галерија

Поврзано Црква „Св. Никола“ - Пожаране - главната селска соборна црква; Црква „Св. Климент Охридски“ - Пожаране - најновата селска црква; Пожаране

Наводи

Категорија:Пожаране Пожаране Категорија:Македонската архитектура во 2009 година