Марин Црвенов (, - , ) — македонски балетан, кореограф и педагог.

Животопис Црвенов е роден во Велес на 3 февруари 1945 година. Својата балетска наобразба ја добил во Балетското училиште во Скопје во класата на Р.Пакашки. Од 1975 до 1977 година престојувал во Москва каде што ја завршил својата специјализација. Од 1962 до 1990 година бил првенец на Балетот при МНТ. Тој се занимавал и со педагошка дејност, а делумно и со кореографија, а од 1977 до 1979 година бил шеф на Балетот при МНТ. Ги толкувал улогите: Ромео во „Ромео и Јулија” од Сергеј Прокофиев, Базил во „Дон Кихот”, Алберт во „Жизел”, Зигфилд во „Лебедово езеро” од П.И.Чајковски. Црвенов е добитник на Државната награда „11 Октомври“ и на наградата „Национален уметник“ на Македонија. Починал во Скопје на 15 октомври 2015 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски балетани Категорија:Македонски кореографи Категорија:Македонски педагози Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“