КК Гостивар ― кошаркарски клуб од Гостивар, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига. Клубот е освојувач на Првата македонска кошаркарска лига, како и двократен освојувач на Купот и Суперкупот на Македонија.
Историја
Според спортските хроничари, првите службени натпревари во Гостивар, биле играни во почетокот на 50-тите години на минатиот век, на некогашното игралиште на ДТВ „Партизан“, на земјената подлога, во средиштето на градот, а денес просторот е користен за паркинг. Екипата го носела името „Трговски“. Во 1954 година го регистрирале клубот и го промениле името во КК „Маврово“, а „Електро-Маврово“ од Гостивар бил долги години спонзор. Трипати клубот бил освојувач на титулата Републички првак и тоа во 1965, 1967 и 1968 година. Во последните три децении на минатиот век Гостивар бил втор кошаркарски град во Македонија, после Скопје. Екипата на Маврово неколку сезони успешно се натпреварувала во Втората кошаркарска лига на поранешната заедничка држава, СФРЈ. Во повеќе наврати екипата се обидува да стане член и на Првата лига, меѓутоа недостасувал последниот решавачки чекор за постигнување на целта.Спорт/Кошарка - К.К. „Гостивар“ gostivar.net 2002Ќе го вратиме реномето на кошарката во Гостивар utrinski.mk 4 ноември 2015
По независноста Во Македонската кошаркарска лига се водела изедначена борба за првото место на табелата меѓу Маврово односно Никол Ферт и Работнички од Скопје. Тие биле најквалитетни и најтрофејни екипи во Македонија, во освојувањето на Купот на Македонија и на републичкото Првенство. КК Гостивар бил домаќин на Купот на Македонија 1994. Никол Ферт во Купот на Македонија 1999 бил вицепрвак, губејќи од МЗТ Аеродром. Следната сезона бил првак во Првенството и го освоил Суперкупот на Македонија 2000 победувајќи го МЗТ Аеродром. Никол Ферт го освоил Купот на Македонија 2001, кога го победил Работнички. Исто така, од Николферт бил освоен и Купот на Македонија 2002 и Суперкупот на Македонија 2002. Во тој период Николферт го срушил рекордот за најмлад играч во Првата лига, внесувајќи го тогаш девет годишниот Никола Гајдаџиев,, што предизвика лавина од негативни критики од секаде. Во 2004 година му било дадено старо-ново име на клубот - Маврово.Беспотресно прелевање и едно прволигашко откажување vest.com.mk 2 јули 2004Лазовски се гледа во финалето, Петровиќ најавува "ремонт" vest.com.mk 12 октомври 2004 За време на сезоната 2007/08, Маврово за време на полусезоната поради финансиски причини бил исфрлен од Првата лига и за следната сезона требал да се натпреварува во Втората лига.Прволигашко збогум за гостиварци vecer.mk 7 јануари 2008 Повторно поради финансиски проблеми, Маврово го откажал учеството и во Втората лига и се распаднал.Вести - Спорт kiss.com.mk 7 јуни 2008 Клубот во 2009 година бил обновен под името Гостивар 2009 и настапувал две сезони и потоа повторно се распаднал.
Повторна обнова Клубот бил обновен во 2015 година поради тоа требал за започне да се натпреварува во Третата лига.Билтен бр.1 Сезона 2015/2016 - Сениорски лиги basketball.org.mk 7 септември 2015 Но по пат на договор Т-Баскет подоцна му го предал неговото учество во Втората лига.Изјава на КК Т-Баскет КК Т-Баскет на Facebook 30 септември 2015Интервју со Попоски: КК Гостивар со шампионски амбиции sportclub.mk 30 октомври 2015 Со освојувањето на првото место во Втората лига 2016/17, Гостивар добил право да учествува во Првата лига.
Историја на клупското име Во својата историја екипата на Маврово повеќепати го менувала името, поради смена на спонзорите: Готекс, Вардар Комерц, Никол ферт, повторно Маврово сè до 2008 година и Гостивар 2009 по обновувањето.
1996—2004: Никол Ферт 2004—2008: Маврово 2009—2011: Гостивар 2009 2015-2017: Гостивар 2015 2017-: Гостивар
Моментален состав 2023/24 Извор:Кошаркарска федерација на Македонија eurobasket.com +ИграчиВојче ЛефкоскиМаксим МитевскиТома СтојаноскиМарко ПецаноскиГабриел КоскоскиВиктор ЗлатевскиКристијан СимњаноскиЛука СмилескиМомчило ЈованоскиЏејлин Конел ИнграмКристофер Томас ОстенТирес Десен Трој ВилијамсКенет Џамал Џонс
Постигнувања Прва македонска кошаркарска лига(1): 2000 Куп на Македонија(2): 2001, 2002 Суперкуп на Македонија(2): 2000, 2002 Македонска републичка лига(3): 1965, 1967, 1968 Поврзано Втора македонска кошаркарска лига Прва македонска кошаркарска лига Куп на Македонија Суперкуп на Македонија Кошаркарска федерација на Македонија Спорт во Гостивар Кошарка во Македонија
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Македонската Кошаркарска Федерација
Категорија:Македонски кошаркарски клубови Категорија:Кошаркарски клубови од Гостивар Категорија:Прва македонска кошаркарска лига