Вракуповица ( — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
Историја Отоманско Царство
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Вракуповица (Vrakoupovitza) имало 27 домаќинства и 90 жители Македонци. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 835
Географија и местоположба Селото Вракуповица се наоѓа на околу 38 километри јужно од регионалниот центар Благоевград и на околу 11 километри западно-северозападно од општинскиот центар Струмјани. Се наоѓа на Малешевските Планини, на левата (северната) долинска падина на една од левите притоки на Горемска Река, лева притока на Цапаревска Река, која е лева притока на реката Струма). Надморската височина е во опсег од околу 875 m на северозападниот дел на селото и околу 825 m на неговиот југоисточен дел покрај реката.
Општински пат без асфалтен коловоз води југоисточно од Вракуповица преку село Крпелево до село Каменица и по него се поврзува со Републичкиот пат III-1082 од трета класа.
Атарот на селото Вракуповица се граничи со атарите на: селото Горна Крушица на север; селото Крпелево на исток, југ и југозапад; селото Гореме на северозапад.
Во атарот на Вракуповица има две брани.Държавна агенция за метрологичен и технически надзор; язовири, село Вракуповица; към 2022 г.
Население
+Население на Вракуповица по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 Жители 273 263 279 225 137 80 62 37 23
+Население по возраст од 2011 година:
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:
Број на население Вкупно 23Бугари 23Турци -Роми - Останати - Не се определиле - Без одговор -
Личности Родени Иван Дончев, доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето во Српско-бугарската војна од 1885 година
Наводи
Категорија:Општина Струмјани Категорија:Села во Пиринска Македонија