Либјахово () (од 1951 г. офиц. ИлинденМичев, Николай. Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878 – 1987“, София, 1989. — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Хаџидимово на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Историја

Според професорот Иван Дуриданов, името на селото Либјахово со посведочена претходна форма Љубијахово потекнува од личното име Љубах (Любьхъ). Според една месна легенда, името потекнува од името на извесен Али бег, а според друга, од големата љубов што ги обединувала неговите жители против турските зулуми за време на османлиското владеење.

Тврдината Градиште се наоѓа на 2 километри источно од селото.

Отоманско Царство Во текот на XIX век, селото било населено со муслимани и Македонси и било во составот на Неврокопската каза на Отоманското Царство. Во 1828-1831 година била изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Љубјахово (Lubiahovo) имало 253 домаќинства и 850 Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. Според Стефан Верковиќ, на крајот на 19 век, во Либјахово имало 245 куќи.Стоян Райчевски – „Българите Мохамедани“. София 2004, стр. 111 – 124. ISBN 954-9308-51-0 Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1720 жители, од кои 1660 Македонци и 60 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 185.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1800 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 18 Роми. Во селото функционирало и едно училиште со еден учител и 65 ученициBrancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 112 – 113.

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 55 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 859

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1923 година во Либјахово била основана земјоделска задруга „Валковица“. До 1935 година имало 79 членови.Списък на кооперативните сдружения, действали през 1935 година, по места, София 1936, с. 22 (страницата не е отбелязана в изданието – Околия Неврокоп).

Географија и местоположба

Селото Либјахово се наоѓа во планинско подрачје. Се наоѓа на северните падини на планината Стргач. Се наоѓа на 14 километри југозападно од општинскиот центар Хаџидимово и 18 километри југоисточно од градот Гоце Делчев. Климата е преодна медитеранска со планинско влијание со летен минимум и зимски максимум на врнежи. Просечните годишни врнежи се околу 700 мм. Низ атарот на селото тече реката Матница.

Населението се намалило поради масовното иселување во 1958-1959 година за селата Левуново и Спатово, градот Нов Кричим и селото Кремиковци.

Население

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:

Број на население Вкупно 100Бугари 99Турци -Роми - Останати - Не се определиле - Без одговор 1

Личности Димитар Иванов Миленков, роден 24.8.1924 — борец во V Прилепска бригада на НОВ Албум на политическите затворници от Скопския областен затвор - филиал Идризово 1943 - 1944 г., редакционна колегия под обща редакция на Д. Соломонов, Издателско-печатна база ЕЦНПКФКС

Наводи