ФК Борусија Менхенгладбах, попознат како Менхенгладбах или само Гладбах, е германски фудбалски клуб од градот Менхенгладбах, Северна Рајна-Вестфалија.
Клубот е основан во 1900 година, и во моментов се натпреварува во Бундеслигата, највиското ниво на германскиот фудбалски лигашки систем, во која својот прв настап во лигата го имале во текот на сезоната 1965-1966. Потоа клубот станал еден од најпознатите, со најмногу навивачи, и најуспешните тимови во Германија, откако ја освоиле Бундеслигата дури пет пати во текот на 1970-тите.News – Bundesliga – official website . Bundesliga.de.
Од 2004 година, Борусија Менхенгладбах ги игра својте домешни натпревари на стадионот Борусија парк кој е со капацитет од 54.057 седечки места. Претходно тие настапувале на помалиот Стадион Бекелберг од 1919. Борусија Менхенгладбах има над 60.000 членови од септември 2013 година и е петти најголем клуб во Германија.Members Borussia Mönchengladbach (in German) Нивен најголем и главен соперник е екипата на Келн.
Името "Борусија" е латинизирана форма на Прусија, популарен термин за германски клубови кој доаѓаат од поранешното Кралството Прусија. Прекарот на клубот е Die Fohlen (превод на мак. ждребиња), и тој доаѓа од 70-тите години а се должи на тоа што Борусија тогаш имала млад тим со брз, агресивен стил на игра. Официјалната маскота на клубот е магаренцето Јинтер.
Историја Борусија Менхенгладбах била основана како ФК Борусија во 1900 година во областа на Ајкен, Менхенгладбах. Борусија потекнува од латинизираната форма на Прусија, Кралството во кое бил сместен градот Менхенгладбах од 1815. До 1912 година, Борусија се натпреварувала во Фебандслигата, во тоа време највисокото клупско ниво во кое можете да се натпреварувате.
Во 1919 година, ФК Борусија се споила со друг локален клуб, Турнфераин Германија 1889, и станала 1899 ВфТУР М.Гладбах. Клубот го почувствувал првиот голем успех во 1920 година, победувајќи го во финалето БК Колнер со 3-1, со што го освоиле Западното првенство.
Сојузот помеѓу Германија и Борусија траел само две години; потоа клубот го добил денешното име Борусија ВФЛ 1900 Менхенгладбах е.В., или ФК Борусија Менхенгладбах.Classic club . FIFA.com.
Борусија Менхенгладбах за првпат се појавува во највисоката фудбалска дивизија во Германија во 1965 година, завршувајќи ја својата деби сезона во Бундеслигата на 13. место. Годините што следеле потоа самите го најавиле големиот успех на Гладбах на најголемата сцена во клупскиот фудбал. Играјќи со примамливо изграден стил околу талентирани играчи како Јуп Хајнкес и Гинтер Нецер, Менхенгладбах го освојува третото место две години едноподруго во 1968 и 1969 година.
Иако најдобрите времиња на клубот тек доправа следувале, Менхенгладбах ги освоил својте први две титули "Првак на Германија" во две поредни години 1970 и 1971 година, со што станале единствениот клуб, кој успеал да го задржи трофејот од претходната сезона до тогаш.
Четири години подоцна, под водство на легендарниот тренер, Удо Латек, Борусијанците отишле едно скалило погоре за да го соборат нивниот сопствен рекорд, за освојување на Бундеслигата трипати по ред во периодот од 1975 до 1977 година.
Додека доминирале на домашната сцена, Гладбах, исто така импресионирал и на континентот, кревајќи го трофејот од Купот на победниците на куповите во два наврати во 1973 и 1975 година, пред да стигне до финалето на Европскиот куп во 1977 година, каде загубиле од Ливерпул со 3-1.
Во тој славен осумгодишен период, Берти Фогтс и неговите соиграчи одиграле дури пет финалиња во европските натпреварувања, освојувајќи две и биле поразени во три.
Потоа за клубот следуваат долги години во кој играат споредна улога во германското првенство сè до 2011 година кога на позицијата тренер бил назначен Лисјен Фавр. Со Фавр ждребињата повторно се враќаат во врвот на Бундеслигата како една од фудбалските сили во Германија.
Во првата сезона по пристигнувањето, Фавр најпрво го спасил клубот од испаѓање преку бараж натпреварот за опстанок во лигата, а потоа изградил добра екипа со што неговата прва целосна кампања на клупата на Борусија била многу успешна, завршувајќи на изненадувачкото четвртото место за сезоната 2011-2012. Во сезоната 2014-2015 ги одвел ждребињата до третото место на табелата во Бундеслигата на крајот на сезоната, и за прв историски пат до место во групната фаза од Лигата на шампионите.
Меѓутоа, почетокот на сезоната 2015-2016 бил катастрофален за Фавр бидејќи клубот забележал пет порази во исто толку натпревари, што го натерало швајцарскиот тренер да поднесе оставка и да му ја препушти функцијата на тренерот на У23 тимот, Андре Шуберт.
Пласман по сезони СезонаЛигаМестоКуп1963-1664Регионална лига8º1964-1965Регионална лига1º1965-1966Бундеслига13º1966-1967Бундеслига8º1967-1968Бундеслига3º1968-1969Бундеслига3º1969-1970Бундеслига1º1970-1971Бундеслига1º1971-1972Бундеслига3º1972-1973Бундеслига5º1º1973-1974Бундеслига2º1974-1975Бундеслига1º1975-1976Бундеслига1ºСезонаЛигаМестоКуп1976-1977Бундеслига1º1º1977-1978Бундеслига2º1978-1979Бундеслига10º1979-1980Бундеслига7º1980-1981Бундеслига6º1981-1982Бундеслига7º1982-1983Бундеслига12º1983-1984Бундеслига3º2º1984-1985Бундеслига4º1985-1986Бундеслига4º1986-1987Бундеслига3º1987-1988Бундеслига7º1988-1989Бундеслига6ºСезонаЛигаМестоКуп1989-1990Бундеслига15º1990-1991Бундеслига9º1991-1992Бундеслига13º2º1992-1993Бундеслига9º1993-1994Бундеслига10º1994-1995Бундеслига5º1º1995-1996Бундеслига4º1996-1997Бундеслига11º1997-1998Бундеслига15º1998-1999Бундеслига18º1999-20002.Бундеслига5º2000-20012.Бундеслига2º2001-2002Бундеслига12ºСезонаЛигаМестоКуп2002-2003Бундеслига12º2003-2004Бундеслига11º2004-2005Бундеслига15º2005-2006Бундеслига10º2006-2007Бундеслига18º2007-20082.Бундеслига1º2008-2009Бундеслига15º2009-2010Бундеслига12º2010-2011Бундеслига16º2011-2012Бундеслига4º2012-2013Бундеслига8º2013-2014Бундеслига6º2014-2015Бундеслига3º
Играчи Моментален состав Squad – Borussia Mönchengladbach . Borussia.de.
Тренери низ историјата
Ханс Кратшмер (1946–49) Вернер Сотонг (1949–50) Хајнц Дитгенс и Паул Пол (1950–51) Фриц Плишка (1951–53) Фриц Силкен (1953–55) Клаус Дондорф (1955–57) Фриц Пишка (1957–60) Бернд Олес (1960–62) Фриц Лангнер (1 јули 1962 – 25 април 1964) Хенес Вајсвајлер (1 јули 1964 – 30 јуни 1975) Удо Латек (1 јули 1975 – 30 јуни 1979) Јуп Хајнкес (1 јули 1979 – 30 јуни 1987) Волф Вернер (1 јули 1987 – 21 ное 1989) Герд вом Брух (22 ное 1989 – 25 сеп 1991) Бернд Краус (25 сеп 1991 – 7 окт 1991) Јирген Гелсдорф (3 окт 1991 – 5 ное 1992) Бернд Краус (6 ное 1991 – 7 дек 1996) Ханес Бонгартс (19 дек 1996 – 29 ное 1997)
Норберт Мајер (1 дек 1997 – 31 март 1998) Фридел Рауш (1 април 1998 – 10 ное 1998) Рајнер Бонхоф (10 ное 1998 – 31 авг 1999) Манфред Штефес (1999–00) Ханс Мејер (7 сеп 1999 – 1 март 2003) Евалд Линен (2 март 2003 – 21 сеп 2003) Холгер Фах (21 сеп 2003 – 27 окт 2004) Хорст Копел (27 окт 2004 – 1 ное 2004) Дик Адвокат (2 ное 2004 – 18 април 2005) Хорст Копел (18 април 2005 – 14 мај 2006) Јерн Андерсен (14 мај 2006 – 30 јуни 2006) Јуп Хајнкес (1 јули 2006 – 2 фев 2007) Јос Лухукај (31 јан 2007 – 5 окт 2008) Кристијан Циге (5 окт 2008 – 18 окт 2008) Ханс Мејер (18 окт 2008 – 28 мај 2009) Михаел Фрончек (1 јули 2009 – 13 феб 2011) Лисјен Фавр (14 фев 2011 – 20 сеп 2015) Андре Шуберт (21 сеп 2015-)
thumb|right|220px|Андре Шуберт моменталниот тренер на Борусија Менхенгладбах.
Титули Домашни Бундеслига : 5 1969–1970, 1970–1971, 1974–1975, 1975–1976, 1976–1977 2.Бундеслига : 1 2007–2008 Куп на Германија : 3 1959–1960, 1972–1973, 1994–1995 Финалист (2) : : 1983–1984, 1991–1992 Суперкуп на Германија : 1 1977 (неофицијално) Финалист (1) : : 1995 Лига куп: Финалист (1) : : 1972-1973
Европски Европски куп: Финалист (1) : : 1976–77 Куп на УЕФА: 2 1974–1975, 1978–1979 Финалист (2) : : 1972–1973, 1979–1980
Интернационални Интерконтинентален куп: Финалист (1) : : 1977
Младински Германско првенство за играчи под 17 години : 1 1981 Бундеслига - Запад за играчи под 17 години 2009
Спонзори и производители на опрема
Спонзори 1976-1980: Erdgas 1980-1983: Datsun 1983-1990: Erdgas 1990-1992: Tuborg 1992-1994: Trigema 1994-1997: Diebels 1997-2002: Belinea 2002-2005: Jever 2005-2009: Kyocera 2009-2020: Postbank 2020-денес: Flatex
Опрема 1976-1992: Пума 1992-1995: Есикс 1995-2003: Рибок 2003-2013: Лото 2013-2018: Капа 2018-денес: Пума
Вториот тим
ФК Борусија Менхенгладбах II е исто така професионален тим кој во моментов се натпреварува во четвртата лига по ранг односно Регионалната лига - Запад. Тимот содржи млади играчи на возраст до 23 години кој подоцна можат да бидат прекомандувани во првиот тим.
Моментален состав
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место на клубот Борусија Менхенгладбах на Soccerbase Борусија Менхенгладбах на Transfermarkt Борусија Менхенгладбах на официјалната страна на УЕФА
Борусија Менхенгладбах
Категорија:Менхенгладбах