мини|Бел велосипед во Градскиот парк во Скопје, поставен на 19 ноември 2015 година.

Бел велосипед (се сретнува и под имињата: велосипед-споменик, бел велосипед-споменик, дух-велосипед; ) — велосипед кој е поставен како спомен-обележје покрај пат, на место каде некој велосипедист загинал или бил тешко повреден (најчесто од страна на моторно возило).Harper, Tom White 'ghost bikes' pay tribute to dead riders in danger spots across Britain Daily Mail, 1 октомври 2008 Покрај тоа што е споменик, служи и како потсетник на возачите на моторни возила кои минуваат покрај него дека и велосипедистите се рамноправен дел од сообраќајот и дека мора да внимаваат на нив и да им отстапуваат дел од патот, да ги пропуштаат на премин, да ги почитуваат, да им го заштитат животот. Истовремено, тие се потсетник и за властите да ги преиспитаат политиките во однос на планирањето на сообраќајот, акциите на полицијата итн.

Белите велосипеди-спомeници најчесто се расипани велосипеди, со прикачен натпис, заклучени на прикладен предмет во близина на местото на несреќата.

Историја

мини|лево|Бел велосипед во Берлин, 2009 година: потполно исправен велосипед обоен во бело денес е вообичаен облик на спомен-обележје поставено покрај пат. мини|лево|Бел велосипед во Чиле, со вообичаена мала куќичка како почит за жртвата во сообраќајна несреќа.

Според британскиот дневен весник „Гардијан“, првиот документиран бел велосипед бил поставен во Сент Луис, Мисури, САД, во 2003 година. Еден сведок на судар помеѓу кола и велосипедист поставил велосипед обоен во бело со испишана порака: „Велосипедист се судри тука.“

Првичната идеја за бојадисување на велосипеди во бело според одредени извори датира уште во 1960-тите години во Амстердам како анархистички проект за јавен транспорт на две тркала: белите велосипеди биле бесплатни, се послужувале и ги оставале за друг да може да се послужи.

Идејата за бел велосипед во САД најверојатно започнала со проект на уметникот Џо Слота од Сан Франциско, кој го започнал во април 2002 година. Ова било чисто уметнички потфат. Слота бил заинтригиран од напуштени велосипеди кој ги наоѓал низ градот, заклучени но сите корисни делови извадени. Тој почнал да ги бојадисува бели, и да ги објавува фотографиите на своето мрежно место ghostbike.net. Како што идејата се здобила со различни намени, Џо Слота се соочил со дилема. За велосипедистите, Сан Франциско е еден од побезбедните градови во САД, но бели велосипеди-споменици почнале да никнуваат насекаде, менувајќи ја перцепцијата за неговиот проект.

Проектот за поставување на бели велосипеди-споменици започнал во Сент Луис во октомври 2003 година.Fagan, Mark Friends seek ghost bike memorial for hit-and-run victim Lawrence Journal-World 25 октомври 2009 Откако бил сведок на тоа како возач на автомобил удрил велосипедист на велосипедска лента на булеварот „Холи Хилс“ во Сент Луис, Патрик ван дер Тујн поставил велосипед обоен во бело на местото на несреќата, со рачно обоен знак на кој пишувало: „Велосипедист бил удрен тука.“ Забележувајќи го влијанието кое ова го имало врз возачите на моторните возила, Патрик ван дер Тујн потоа побарал помош од пријатели да постават уште петнаесет „бели велосипеди-споменици“ на истакнати места во Сент Луис каде велосипедистите често биле удирани од страна на автомобили.Roadside displays focus on plight of bicyclists , Greg Jonsson, St. Louis Post-Dispatch, 17 ноември 2003. Користеле оштетени велосипеди, во некои случаи намерно оштетувани за да се постигне впечаток како да се судрени.

мини|десно|Бел велосипед во Лондон, 2005 година: рамка од која се извадени делови, a тркалата се без гуми, за да ги одврати можните крадци

Слични проекти започнале во Питсбург во 2004 година, Њујорк, Сиетл во 2005 година,'Ghost bikes' offer eerie reminder to share the road, Seattle Post-Intelligencer 3 август 2005. Албакерки и Торонто во 2006 година. Во август 2005 година, скоро 40 бели велосипеди-споменици биле поставени низ Сиетл за да се привлече вниманието кон места на несреќи, за малку избегнати несреќи и лоши услови на патот. Еден бел велосипед-споменик во градот Вашингтон, спомен за велосипедист кој загинал откако бил удрен од страна на камион за ѓубре во 2008 година, останал на местото на несреќата цела година. Кога бил отстранет од страна на службите на градската власт, пријатели на загинатиот поставиле други 22 бели велосипеди, по еден на секое улично светло. Поставувањето на бели велосипеди-споменици во Лондон како посебен проект (London Ghostcycle) било активно во 2005 и 2006 година. Слични проекти се правени во дузина градови во светот. Проект за велосипеди-споменициhttp://www.newsobserver.com/2013/07/13/3027977/ghost-bike-memorial.html News & Observer Retrieved 14 јули 2013 неодамна започна во Дарам, Северна Каролина во спомен на двајца загинати велоиспедисти,http://www.wral.com/pedestrian-killed-in-raleigh-crash/12406954/ поборници и активисти за безбедност на велосипедистите.http://www.wral.com/bicyclist-killed-in-durham-hit-and-run/12639104/ 13 јули 2013 Кон крајот на 2013 и почетокот на 2014 година, групацијата за поставување на бели велосипеди-споменици во Хјустон (Houston Ghost Bike Group) постави 47 бели велосипеди-споменици за да се зголеми свеста по особено голем број на велосипедски несреќи во кои биле вклучени автомобили во Хјустон, од кои многумина возачи на автомобили избегале од местото на настанот.

Македонија

Во Македонија, првиот бел-велосипед споменик е поставен во Скопје, на булеварот „Илинден“, во близина на фонтата „Лотосов Цвет“ покрај Градскиот парк. На ова место, животот го загуби тринаесетгодишниот Давид А. кој беше удрен од автомобил додека возел велосипед. Белиот велосипед-споменик е поставен од страна на повеќемина велосипедски активисти на 19 ноември 2015 година.

Наводи

Надворешни врски

Информации за поставени бели велосипеди-споменици во светот: Ghost Bikes Ghost Bike — проект на Џо Слота

Категорија:Споменици Категорија:Велосипеди