Лептоспироза (позната како полска треска, глувчешка жолтица, и осип на предната писка, покрај другите имиња) е инфекција предизвикана од бактеријата во форма на спирала, наречена Лептоспира. Симптомите можат да бидат поблаги; главоболка, болка во мускулите и треска, и посериозни: крвавење од белите дробови или менингитис. Ако инфекцијата направи човекот да пожолти, да му откажат бубрезите и да крвави, тогаш е позната како Вејлова болест. Ако има обилно крвавење од белите дробови, тогаш болеста е позната како синдром на обилно белодробно крвавење.

Причинители и дијагноза Тринаесет различни генетски видови на Лептоспира можат да ја предизвикаат оваа болест кај човекот. Се пренесува преку дивите и домашните животни. Најчести животни кои ја шират болеста се глодачите. Често се пренесува преку урината од животните или преку вода или земја што содржат животинска урина која дошла во контакт со отворените рани на кожата, очите, устата или носот. Болеста најчесто се појавува во земјите во развој, кај земјоделците и сиромашните луѓе во градовите. ref name=McB2005/> Во развиените земји, најчесто се појавува кај оние кои се занимаваат со надворешни активности во топлите и влажни места. Дијагнозата најчесто се поставува со барање на антитела против бактеријата или пронаоѓање на нејзина ДНК во крвта.

Превенција и лекување Напорите да се спречи болеста вклучуваат заштитна опрема со која ќе се спречи директен контакт при работа со потенцијално инфицираните животни, миење на рацете по контактот, и намалување на бројот на глодачи во местата за живеење и работење. Сѐ уште не е јасна користа од антибиотикот доксициклин, за спречување на инфекцијата кај оние што патуваат. Постојат вакцини за животни со одреден вид на Лептоспира, која може да го намали ширењето кај човекот. Инфицираните се лекуваат со антибиотиците: доксициклин, пеницилин или цефтриаксон. По лекувањето на пациентите со Вејлова болест и обилно белодробно крвавење, смртната стапка изнесува од 10% до 50%, по наведениот редослед.

Епидемиологија Од седум до десет милиони луѓе годишно се заразени со оваа болест. Не се знае точно бројот на смртни случаи предизвикни од болеста. Болеста е најчеста во тропските делови од светот, но може да се појави и на кое било друго место. Ширењето може да започне во сиромашните квартови од земјите во развој. Вејл за првпат ја опишал болеста во 1886 година во Германија. Некои од заразените животни немаат симптоми, кај некои се поблаги, а кај некои се посериозни. Симптомите се различни за секое животно. Кај некои животни Лептоспирата опстојува во органите за репродукција, која потоа се пренесува преку полов однос.

Наводи

Категорија:Зоонози Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Тропски болести Категорија:Болести кај коњите