„Дебела, бисквити, чипс и љубовна болка“ (хрватски: Debela, keks, čips i ljubavna bol) е роман за деца на хрватската писателка Силвија Шесто Стипаничиќ. Во 2001 година, за овој роман, авторката ја добила наградата „Ивана Брлиќ Мажураниќ“. Романот e објавен на македонски јазик во 2005 година, во издание на издавачката куќа „Детска радост“ од Скопје, како дел од библиотеката „Тин“. Содржина Романот се состои од 106 поглавја.Силвија Шесто Стипаничиќ, Дебела, бисквити, чипс и љубовна болка. Скопје: Детска радост, 2005.

Технички податоци Книгата има 256 страници, со големина од 20 сантиметри и мек повез. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-715-6. Преводот го извршила Наташа Аврамовска; дизајнот, графичко-ликовното уредување и компјутерската обработка ги извршил Жарко Туниќ; автор на корицата е Здравко Гиров; а лектурата и коректурата се дело на Софија Чолаковска-Поповска. Книгата е отпечатена во печатницата „Илинден 2002“ од Штип.Силвија Шесто Стипаничиќ, Дебела, бисквити, чипс и љубовна болка. Скопје: Детска радост, 2005.

Наводи

Категорија: Книги од 2001 година Категорија:Романи за деца Категорија:Хрватски романи Категорија: Изданија на Детска радост Категорија: Дела на Силвија Шесто Стипаничиќ Категорија:Појавено во 2005 година во Македонија