thumb|upright=1.4|Одлики на снопот од долгите светла мини|десно|Пиктограми на долгите светла на инструмент-таблата
Долги светла – делови од возила кои се користат за осветлување и им овозможуваат на возилата да се движат ноќе или во случај на слаба видливост. Овие делови овозможуваат да се осветли патот пред возилото колку што е можно подалеку. Тие се комплементарни на соборените светла.
Користење Долгите светла се користат вон населени места и кога на патот нема други учесници во сообраќајот.
Возачот на моторно возило е должен наместо долгите светла за осветлување на патот да ги употребува соборените светла:Службен весник - Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата при разминување со друго возило долгите светла треба да се заменат со соборените светла за да се избегне заслепување на возачот од спротивната насока. Замената треба да се направи на доволна оддалеченост пред разминувањето за да не им пречи на другите учесници во сообраќајот, но секако 200 м пред разминувањето. за времето додека на кратко растојание се движи зад друго возило, во таква положба што со долгите светла на своето возило го заслепува возачот на возилото пред себе. за времето додека со возилото минува покрај пешаци.
Наводи
Поврзано Фар(автомобил) Соборени светла Магленки Дневни светла Ноќно возење
Категорија:Сообраќај Категорија:Безбедност на сообраќајот на патиштата