Владимир Јанковски — македонски писател.

Животопис Јанковски работел како уредник во издавачката куќа „Темплум“, а потоа преминал во издавачката куќа „Магор“. Се појавува прилично доцна на македонската книжевна сцена, и тоа како прозаист и како критичар, истражувач, преведувач, промотор и организатор на книжевни манифестации. Основни творечки опсесии на Јанковски се љубовта и градот, урбаноста. Во таа смисла, тој е дел од генерацијата кои целосно ги отфрлија големите, историски, мета наративни или постмодернистички теми и кои во својот фокус го имаат секојдневниот живот. Притоа, тој е под големо влијание на надреализмот и најревносен ученик на Влада Урошевиќ.

Книжевно творештво Владимир Јанковски е автор на следниве прозни дела:

роман, „Вечно сегашно време“ (2010) роман, „Невидливи љубови“ (2015) книга со фото есеи, потпишана заедно со фотографот Иван Блажев. (2015)Роберт Алаѓозовски, „Боење на градското сивило“, Економија и бизнис, год. 18, бр. 210/211, декември 2015/јануари 2016, стр. 133. роман, „Скриени желби, немирни патувања“ (2020) разговори со Влада Урошевиќ - Кабинет на чуда со ѕидови од огледала (2023) роман „Ехото на акробатите“ (2024)

Награди 2024 - Награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината во Македонија, за романот „Ехото на акробатите“ 2021 - „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“ за „Скриени желби, немирни патувања“ 2016 - „Рациново признание“ за „Невидливи љубови“ 2015 - Избран за македонски претставник за меѓународната награда „Балканика“, со романот „Невидливи љубови“.„Македонски претставник за „Балканика“ е „Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски“, Дневник, година XX, број 6172, петок, 23 септември 2016, стр. 22.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“