Хотово — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Хотово се наоѓа на 14 километри јужно од Свети Врач и на 8 километри југозападно од градот Мелник. Селото се наоѓа на надморска висина од 196 метри и во овој регион климата се одликува со високи температури, бидејќи овде биле измерени рекордни температури во земјата. Атарот на селото зафаќа површина од 8.796 км2.
Историја Османлиско Царство
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хотово (Hotovo) е село со 48 семејства и 170 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141..
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 270 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 23 ученициBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193..
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, седум лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 886.
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население +Население на Хотово по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 457 474 452 433 303 219 172 158 99 93
+Население по возраст од 2011 година:
Културни и природни знаменитости
Минерална бања. Постојат неколку минерални извори. Во селото има и минерална перална. Според метеоролошката статистика, регионот во селото Хотово е регион со најголем број сончеви денови годишно во Бугарија. Ова исто така ја одредува егзистенцијата на жителите на селото - на подрачјето на селото Хотово, изградени се илјадници хектари лозови насади, каде се одгледуваат лозовите насади на познатата сорта мелнички вина и сортата Мелник 55. Овие две сорти на винова лоза имаат потреба од сонце и топлина колку што е изобилство во овој регион и не се одгледуваат во кој било друг регион во земјата.
Редовни настани Секоја година на 14 октомври во селото се одржува собир на жителите на селото.
Личности мини|180п|Георги Константинов Родени во Хотово Андон Иванов Солунов (1887 – ?), доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 274. Солун Андонов Солунов /1913 – 2006/, учесник во Втората светска војна во т.н. Дравска операција Борис Цветков (1918-2018), бугарски дипломат Георги Константинов (1875-1969), деец на ВМОРО Георги Христов, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 764. Георги Христов (1893 – ?), доброволец во Македонско-одринските доброволни чети Коле Јанев Пецурков, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 570. Коло Хотовски (1881 – ?), доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 757. Константин Николов (1891 – ?), доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 506. Роза Цветкова (1931-2016), бугарска народна пејачка Стефан Константинов (1873 – 1913), деец на ВМОРО Стојчо Георгиев Стојков (1918 - ?), член на РМС од 1938 г., на БКП од 1942 г., во 1944 г. станал партизан во одредот „Јане Сандански“ Стојан Костадинов (1885 – ?), доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 367.
Наводи
Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија