Серовица, Баничка или Фратска Река (, Агии Анаргири) — река во североисточна Егејска Македонија, денес во Грција. Минува низ градот Сер, по кого е наречена.
Реката извира од планината Шарлија (Врондос) и тече на југ. Минува крај с. Фраштани (Орини) и напуштеното село Баница (Кариес). Потоа тече низ градот Сер, поминува кај Тумбишта (Неос Скопос), и заедно со Бродска Река се влева во Струма. Другите имиња на реката произлегуваат од селата Баница и Фраштани.Йордан Иванов. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр.193.
Поврзано Серско
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Сер Категорија:Сер (округ) Категорија:Шарлија