thumb|Симбол на тунел-диода Диода со ефект на тунел или тунел-диода – полуспроводнички електричен двопол кој ја врши функцијата на диода во кола каде е неопходно многу кратко време на комутација (до 5 GHz).

Технологија

thumb|Струјно-напонската крива на тунел-диодата. Меѓу напоните V1 и V2, диодата има негативна диференцијална отпорност.

Класична диода изработена од полуспроводни материјали, е спроводна кога спојот PN е позитивно поларизиран, а станува неспроводна штом поларизацијата стане негативна. Истата е неспроводна до пробојниот напон на диодата при негативна поларизација (во оваа зона класичната диода е уништена). Кај тунел-диодата допувањето на слоевите P и N е толку битно што напонот на пробој е еднаков на 0 волти (спроти напон кој може да достигне стотици миливолти за класична диода). Оваа диода спроведува во инверзна насока (негативно поларизирана), но штом се користи во позитивна насока, се појавува ефектот на тунел давајќи И зона каде зголемувањето на напонот на краевите на диодата доведува до намалување на струјата која минува низ неа. Ова соодветствува на негативна отпорност. Оваа динамичко негативна отпорност може да се искористи за реализација на полуспроводнички осцилатор.

Примена Тунел-диодата дава големи можности во доменот на осцилаторите УВФ/СВФ (Ултра/Супер високи честоти), на пример честотата во микробрановите печки. Сепак, од нејзиното откривање, напредокот на класичните полуспроводници овозможи да се надмине тунел-диодата со конвенционални техники. Интеграцијата на тунел-диода во ласерска диода може да ги подобри перформансите на ласерот.

Поврзано Диода Тунелски ефект Инверзна диода Зенерова диода Ганова диода Шоткиева диода Лео Есаки

Литература Наташа Божиновска: Аналогна електроника за II година средно стручно образование, Скопје, 2010 ISBN 978-608-226-024-2

Категорија:Електроника Категорија:Полуспроводнички елементи Категорија:Диоди Категорија:Јапонски пронајдоци