„Одбрани раскази“ - книга од македонскиот писател Димитар Солев, објавена од издавачката куќа „Мисла“ во 1970 година.

Содржина

Во збирката се застапени следниве раскази:Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970. Слово за Игора Време на дождалците Морнарска отпуска Смртта на Марко Првата зима на слободата Скоевски состанок Мирисот на расечена лубеница Јаглика во паркот Кружно патување на сенката

Покрај расказите на Солев, во збирката е поместен и предговорот, со наслов „Димитар Солев или Достоинство на авангардниот реализам“, напишан од Александар Спасов во 1967 година.

Технички податоци Збирката „Одбрани раскази“ е објавена во рамките на едицијата „Новогодишна библиотека“, посветена на современите македонски писатели. Книгата, со обем од 117 страници не е каталогизирана, ниту пак ја поседува меѓународната ознака ISBN. Таа е отпечатена во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје.Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970.

Наводи

Категорија:Дела на Димитар Солев Категорија:Изданија на Мисла Категорија:Македонски дела од 1970 година Категорија:Книги од 1970 година Категорија:Македонски раскази Категорија:Појавено во 1970 година во Македонија