Јунус-паша (; п. ) — отомански државник и Голем везир на Отоманското Царство осум месеци во 1517 година, служејќи од 30 јануари до неговата смрт на 13 септември.Државен архив на Турција
Животопис
Било дискутирано, но никогаш не било до крај решено дали Јунус бил со грчко, бугарско или српско потекло.Alper, Omer Mahir, "Yunus Paşa", (1999) Yaşamları ve Yapıtlarıyla Osmanlılar Ansiklopedisi, İstanbul:Yapı Kredi Kültür Sanat Yayıncılık A.Ş. C.2 s.678 ISBN 975-08-0072-9 Бил земен преку системот на данок во крв (земен од неговото семејство и преобратен во Ислам со цел да стане отомански бирократ/војник) на мала возраст, Јунис бил израснат да стане јаничар, на крај станувајќи ага (врвен командант) на јаничарите. Во 1511 година станал везир во диванот (отоманска влада) и беглербег (главен покраински управител) на Анадолија.
Јунус-паша имал голема улога во Отоманско-мамелучката војна (1516–17). По отоманската победа во Битката кај Марџ Дабиг во 1516 година, Јунус-паша, со отоманските трупи под негова команда, влегле во денешниот град Алеп, од каде што ги нападнал градовите Хама, Хомс и Дамаск. По Битката кај Рајденије во 1517 година, влегол во египетскиот град Каиро со неговите јаничари и по тридневна опсада, го освоил градот за Отоманското Царство.[Osmanlı Tarihi, II. Cilt, 10. baskı, sf: 286,291,543,544, Türk Tarih Kurumu Yayınları-2011, Ord. Prof. İsmail Hakkı Uzunçarşılı]
Поради неговите успеси и смртта на претходниот голем везир, Хадим Синан-паша, во Битката кај Рајданије на 22 јануари 1517 година, Јунус-паша бил назначен за Голем везир, осум дена подоцна, на 30 јануари. Подоцна бил истовремено назначено да биде управител на Египет. По добивањето на овие две функции, Јунус-паша наводно воспоставил организирано мито и измачување. Откако вестите за корупција стигнале до султанот Селим I, управувањето на Јунус-паша било повлечено и дадено на Хајир Беј, оставајќи го Јунус-паша со функцијата на голем везир.
Се верува дека султанот Селим I го погубил Јунус-паша поради навредата на неговиот наследник Хајир Беј за неговото потекло по омразата за губењето на владеењето од него и покрај тоа што Јунус-паша бил тој што го освоил Египет за Отоманското Царство. Која и да била причината, Јунус-паша бил погубен со сечење на главата на 13 септември 1517 година.
Поврзано Список на Големи везири на Отоманското Царство
Наводи
Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 16 век Категорија:Отомански управители на Дамаск Категорија:Отомански управители на Египет Категорија:Починати во 1517 година Категорија:Данок во крв Категорија:Погубени Отоманци Категорија:Родени во непозната година Категорија:Големи везири на Селим I