thumb|150px|Структура на карбоксилна киселина. thumb|150px|3D структура на карбоксилната група. thumb|150px|Просторен модел на карбоксилната група. Карбоксилните киселини се органски киселини чија функционална група е карбоксилната група (-COOH). Таа се состои од ацил (карбонилна) група поврзана со хидроксилна група (OH), со тоа што кај мравската киселина за карбоксилната група е поврзан еден водороден атом наместо радикал. Општата формула на карбоксилните киселини е R-COOH. Тие се среќаваат во организмот на многу растенија (како коприви) и животни (како мравките).

Поделбата на карбоксилните киселини може да се прави на повеќе начини:

видот на радикалот: алифатични, ароматични киселини итн. бројот на карбоксилните групи: монокарбоксилни, дикарбоксилни киселини итн. супституирани карбоксилни киселини: хидрокси киселини, аминокиселини, оксикиселини итн.

Именување Според МСЧПХ, едноставните алифатични монокарбоксилни киселини се именуваат вака: за основа се зема името на јаглеводород со ист број на C-атоми (во кој е вклучен и C-атомот од карбоксилната група) кон кое се додава наставката -ска киселина или -ова киселина. На пример:

CH3CH2COOH (пропанска киселина) CH3CH2CH2CH2COOH (пентанска киселина).

Карбоксилната група е функционална група од највисок ранг и затоа при именувањето има предност пред сите други групи. Значи, ако во соединението има карбоксилна и други групи, тоа е супституирана киселина.

Добивање Постојат многу постапки за синтетичко добивање на карбоксилните киселини. Најважни се:

Оксидација на алкохоли, алдехиди и кетони Хидролиза на нитрили Хидролиза на дериватите на карбоксилните киселини.

Категорија:Органски соединенија Категорија:Киселини Категорија:Функционални групи