Енбон (, ) – општина во департманот Морбијан во областа Бретања на северозапад на Франција. Општината е 440 км западно од Париз, 125 км западно од Рен и 45 км западно од Ван.
Географија Енбон се наоѓа на околу 16 километри од устието на реката Блаве која го дели на два дела. На левиот брег се Вил клоз, средновековен утврден град, и Вил нев дел од XVII век. На десниот брег е Вјеј вил.
Историја
Енбон е прочуен по својот отпор, под водство на Јованка Фландриска, вдовицата на Жан де Монфор, на војските на Филип де Валоа и Шарл де Блоа кога бил опсаден во 1342 година за време на Војната за бретонското наследство. Еден век пред Јованка Орлеанка, Јованка ставила оклоп и го водела отпорот против опсадата. Таа лично водела напад на непријателскиот камп, го запалила и го добила прекарот „Жан ла Флам“ (Јованка Пламената). Во август 1944 година, за време на сојузничката инвазија на Бретања, голем дел од стариот утврден град, бил многу оштетен за време на бомбардирањата на германските позиции кои биле во центарот на градот.
Демографија Во 2013 година општината броела 15.765 жители.
Бретонски јазик Во 2008 година, 5,45% од децата во Енбон посетувале двојазично основно училиште.
Наводи
Надворешни врски
Список на Министерството за култура на Франција за Енбон Слики од базиликата во Енбон: ,
Категорија:Општини во Морбијан Категорија:Општини во Бретања Категорија:Градови во Франција Категорија:Франција