Здралци (Здралца или Зрелци; , Амбелокипи; до 1926 г. Σδράλτση, Сдралци — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. До денес е населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото се намира на 3 километра югоизточно от Костурското Езеро, на пътя от Дупјак за Богатско. Землището на Здралци е .

Историја Во Отоманското Царство мини|десно|Икона на св. Модест од XVIII век во Здралци

На почетокот на XIX век францускиот конзул кај Али-паша Јанински Франсоа Пуквил го спомнува селото како Sdreotza.F.Pouqueville. Travels in Epirus, Albania, Macedonia, and Thessaly . Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) веи дека Стралица се состои од 30 македонски куќи, 45 семејни двојки и 75 нуфузи (глави на семејства). Жителите се занимавале со земјоделство, градинарство и обработување на туѓа земја.}}

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Зрѣлца имало 270 жители Македонци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Здрелза е чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 50 куќи.

На почетокот на XX век во Здралци работела грчката пропаганда и селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Здрелца имало 400 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште. Во училиштето предавал Николаос Папасидерис, подоцна митрополит Никифор Костурски.Οδός και πλατεία:ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΤΗ κ.κ.ΝΙΚΗΦΟΡΟΥ ΠΑΠΑΣΙΔΕΡΗ

Според грчка статистика од 1905 г. селото имало 250 жители.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Ambelokipoi . Летото 1905 г. андартскиот капетан Никола (Лаки) Дељо го убил кметот Козма.

Според Георги Константинов Бистрицки, Здрелца пред Балканските војни имало 90 македонски куќи. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Зрелци имало 50 куќи на македонски христијани.

Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска, и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 246 жители, кое во 1920 г. се згоелмило на 311. Во 1926 г. селото е преименувано во Амбелокипи. На пописот од 1928 г. во Здралци се заведени 345 лица.

Населението произведува жито, грав и градинарски култури.

Селото не настрадало во Граѓанската војна и затоа населението продолжило да расте.

+ Месности во Здралци преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Магаричово Μαγαρίτσοβο Дихало Δίχαλο

Население

Културни и природни знаменитости „Св. Катерина“ — црквичка во јужниот дел на селото „Св. Никола“ — црквичка и светиче западно од селото „Св. Дух“ — црквичка јужно од селото, веднаш до реката и мостот Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна црква од 1820-1830 г. „Св. Никола“ — параклис и скит (испосница) на стрмна карпа во планината, 3 км источно од селото

Личности мини|Отец Иван Шишков Родени во Здралци Анастас Димитров (Αναστάσιος Δημητρίου) — андартски деец от ІІІ ред Васил Бацелов (Βασίλειος Μπατσέλας) — андартски деец, четник на Григорис Фалиреас (Закас) Иван Шишков (1876 – 1957) — просветен и духовен деец Козма Николов — кмет, убиен заедно со татко му Никола на сретселото од андарстскиот капетан Лаки Дељо на 31 јули или 1 август 1905 г Пандо Василев — учесник во МОО, II чета на VIII Костурска дружина, ранет во Втората балканска војна на 8 јули 1913 година, носител на бронзен медал Христо Атанасов — учесник во МОО, 27-годишен, II чета на VIII Костурска дружина, загинал на 6 ноември 1912 г. кај Дедеагач Јане Георгиев Јанев (на 75 години на 9 март 1943 г) — учесник во Илинденското востание со четата на Васил Чакаларов и борбата кај Черешница, преземањето на Невеска, преземањето на Клисура и борбата кај Прекопана. Водел битка и кај Горно Броди под команда на полковникот Анастас Јанков. Јане Динков — учесник во МОО, VIII Костурска дружина

Починати во Здралци Јоанис Накицас (? – 1906) — учесник во Грчката вооружена пропаганда во Македонија

Наводи

Надворешни врски Блог за Здралци

Категорија:Рупишта