Црква „Св. Петка“ - Радибуш — главна селска црква во селото Радибуш. Се наоѓа во центарот на селото, сместена во близина на подрачното основно училиште. Во непосредно близина, но одвоени од црковниот двор, се наоѓаат и селските гробишта.

Црквата се одликува со исклучително богата внатрешност на зачувани фрески и иконостас. Воедно, особеност е што камбанаријата на црквата служи и како влез во самиот црковен двор.

Занимлива забележителност за црквата е тоа, што пред самата нејзина влезна врата, на подот има издлабен приказ на сонце со сосема ист дизајн како современото државно знаме на Македонија.

Историја

Црквата е изградена во 1859 година, а била обновена повторно во 1885 година, како што е и запишано во ктиторскиот натпис, кој стои над влезот во црквата:

Галерија

Надворешност

Внатрешност

Поврзано

Кривопаланечко архијерејско намесништво Радибуш

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Радибуш Радибуш