мини|десно|Хексода - RENS1234 Телефункен мини|Триода-хексода ACH1 (осцилатор-миксер) Хексода – вид на електронска цевка со шест електроди сместени во стаклен или мтален балон со вакуум.
Загреаната катода емитува електрони кои одат кон позитивната анода. Решетките кои се наоѓаат меѓу катодата и анодата овозможуваат регулација на струјата во цевката и нејзина употреба во улога на мешач на сигналите, обично во локален осцилатор на радиоприемник.
Историја За историјатот да се погледа статијата Електронска цевка.
Начин на работа и опис Со оглед дека на експоненцијалните пентоди им бил потребен голем регулационен напон, за потребите на регулација на високофреквенциско засилување и мешање во локалниот осцилатор во меѓуфреквенцискиот степен на радиоприемникот воведена е хексодата.
Оваа електронска цевка има две контролни решетки, G1 и G3. На G1 се доведува наизменичен напон кој врши прво управување на анодната струја. Другата контролна решетка G3 исто така врши управување на анодната струја. Заедно ти го модулираат протокот на електрони низ цевката и така е постигнато едноставно мултипликативно мешање на сигналите. Ова мешање го смалува бројот на хармоници во излезниот сигнал во однос на диодното или транзисторското мешање, бидејќи се генерираат само честоти суми и разлики, а не нивните хармоници.
Пример на ваква цевка е АН-1.
Примена Хексодите обично се користени во меѓуфреквенцискиот степен во локалниот осцилатор на радиоприемниците.
Симбол Симбол на хексода со индиректно загревана катода е прикажан на сликата.
Поврзано Електронска цевка Електроника Диода Триода Тетрода Пентода Хептода Октода Катодна цевка Транзистор Радио
Наводи
Литература
Радио Техника 2. дио, Д-р Валтер Даудт (Walter Daudt), Техничка књига, Загреб, 1963.
Надворешни врски
Технички податоци за сите видови електронски цевки Како работат електронските цевки (англиски) Проекти со електронски цевки. Шеми, упатства. Разни аудио проекти со цевки.
Категорија:Електротехника Категорија:Електроника Категорија:Електрични елементи Категорија:Електронски цевки Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Неологизми