Черниговски национален педагошки универзитет „Т.Г. Шевченко“ () — високообразовна установа во Чернигов, северна Украина.

Историја

Како установа, универзитетот произлегол од Черниговскиот колегиум, основан во 1700 г. по урнек на Киевско-могиланската академија. Колегиумот одиграл важна улога во втемелувањето на вишето образование во Левожбрежна Украина. Негови основачи се Л. Баранович, И. Максимович, А. Стаховски, Ј. Галјатовски.

Во 1786 г. колегиумот е претворен во учителска школа (богословија). Новите општествено-стопански услови и културни потреби на почетокот на XX век наложиле суштинско преуредување на предагошкото образование. Подготовката на учители ја презел Учителскиот институт (1916), кој почнал со дејноста како установа од виш среден вид со јазично-историско, физичко-математичко и географско одделение. Создадената установа ја наследила библиотеката на учителската школа.

Во 1919 г. излегло првото поколение од 13 советски воспитаници, а установата е реоргаизирана во четиригодишна педагошка академија.

Во следниот период, установата повторно претрпела реорганизација: во 1920 г. — институт за народна просвета, во 1930 г. – институт за општествена просвета, во 1933 г. — пегадошки, во 1935 г. — учителски, а во 1939 г. — обединет учителски и педагошки. Во 1954 г. установата добива педагошки статус со одлука на Колегиумот на Министерството за образование на УССР. Na 13 март 1998 г. педагошкиот институт го добил статусот на државен педагошки универзитет, и наречен по истакнатиот преродбенички деец Тарас Шевченко. Во јануари 2010 г. звањето „државен“ е сменето во „национален“Указ Президента України від 8 січня 2010 року № 9/2010 «Про надання Чернігівському державному педагогічному університету імені Т.Г. Шевченка статусу національного».

Одделенија

Установата има современа материјално-техничка база: три учебни и еден спортски отсек, околу 20 сметачки училници. Библиотеката има фонд од 750.000 единици. Има уредничко-издавачки центар и Астрономски научноистражувачки центар. Универзитетот издава периодика во 5 области. Има три студентски дома, спортски капацитети, како и студентска амбуланта и аптека. Стручната подготовка се одвива во вкупно 27 области.

Структура

Физичко-математички факултет со стопствен планетариум Технолошки факултет (порано: Индустриско-педагошки факултет) Институт за историја, етнологија и правни науки „А.М. Лазаревски“ (порано: Историски факултет) Факултет за физичко воспитување Факултет за основно образование Хемиско-биолошки факултет Психолошко-педагошки факултет Филолошки факултет Вонредно одделение Астрономски научноистражувачки центар Уредничко-издавачко одделение Библиотека Систем на предуниверзитетска подготовка Две специјализирани совети за постидпломски студии (по историја на Украина и по стручно образование)

Познати воспитаници

Олекса Десњак (1909—1942) — писател. Иљја Стебун (1911—2005) — писател, литературен научник, професор. В. А. Дјадиченко — историчар и профессор. Фјодор Лос (1908—1980) — историчар, професор и заслужен научен деец на УССР. Фјодор Москаленко — филозоф, профессор. П. А. Миргородски — поранешен заменик-министер за образование на УССР.

Наводи

Надворешни врски Черниговски национален педагишки универзитет

Категорија:Педагошки академии во Украина Категорија:Универзитети во Украина Педагошки универзитет