Габриел Барбоса Алмеида (роден на 30 август 1996, во Сао Бернардо до Кампо), познат како Габигол или само како Габриел, е бразилски фудбалер, напаѓач на Сантос.
Технички одлики Деснак со тенденција почесто да ја користи левата нога, но нема потешкотии да игра и да ја контролира топката со десна како и да ги проигрува своите соиграчи. Во споредба со својот сонародник Нејмар, Габриел Барбоса е повеќе класичен шпиц, но тоа исто така може да игра и како втор напаѓач. Има одличен дриблинг и е вистински грабливец во воздухот. Опремен со силен и прецизен шут, станува многу непредвидлив, одлики кои го прават тип на играч сличен на Серхио Агуеро, наместо на неговиот идол Нејмар, во однос на кој има помалку брзина но повеќе физичка сила и поголема способност да биде класичен напаѓач.
Клупска кариера Сантос thumb|left|200px|Габриел во дресот на Сантос. Роден во Сао Бернардо до Кампо, Саун Пауло, Габриел започнал да игра фудбал приклучувајќи му се на младинскиот сектор на Сантос во 2004, на возраст од 8 години. На 25 септември 2012, тој го потпишал првиот професионален договор со клубот, во кој била вклучена клаузула (за евентуално заминување) од 50 милиони евра. Габриел го направил своето деби за првиот тим на 17 јануари следната година, во пријателски натпревар против Гремио Баруери.
На 26 мај 2013, Габриел го направил своето деби во лигата, на возраст од само 16 години, во ремито 0–0 против Фламенго. Својот прв професионален гол го постигнал на 22 август, единствениот во натпреварот за победа над Гремио, во Купот на Бразил.
На 1 февруари 2014, Габриел постигнал два гола во победата на Сантос со 5–1 над Ботафого, во Кампеонато Паулиста првенството. Тој го завршил првенството со седум гола, а Сантос го освоил второто место.
Својот прв гол во Бразилската Серија А Габриел го постигнал на 20 април 2014, во ремито 1–1 на домашен терен против Спорт Ресифе. На 23 септември тој потпишал нов петгодишен договор, и ја завршил сезоната со вкупно 21 гол (8 во Серија А, 7 во Кампеонато Паулиста и 6 во Купот н Бразил).
Откако сезоната 2015 ја започнал на клупата, Габриел станал стартер по заминувањето од клубот на Робињо. Тој постигнал 10 гола во Серија А, и бил најдобар стрелец во Купот на Бразил со осум гола.
Интер На 30 август 2016 година, се преселил во ШИнтер за околу 30 милиони евра. Сепак, од причини поврзани со финансискиот фер плеј, клубот од Милано бил принуден да го исклучи од списокот на играчи кои можат да се користат во Лигата на Европа за сезоната 2016-2017. На 25 септември го направил своето деби во Серија А, за време на натпреварот против Болоња. Против истиот противник, во вториот дел од сезоната тој го постигнал својот прв и единствен гол за Интер, во победата со 1-0 на Дал'Ара.
За време на сезоната тој речиси никогаш не бил во преден план кај ниту еден од тројцата тренери, Де Бур, Пиоли и Веки, кои му дале можност на теренот да истрча само во 10 наврати и на кои постигнал еден гол.
Бенфика На 31 август 2017, Габриел и се приклучил на екипата на Бенфика на заем до крајот на сезоната. На 12 септември тој го направил своето деби за клубот дебитирајќи воедно и во Лигата на шампионите во натпреварот против ЦСКА Москва, заменувајќи го Алекс Грималдо во 77-та минута.
Репрезентативна кариера Габриел е поранешен репрезентативец на Бразил во селекциите до 15 и до 17 години.
Во моментов настапува за репрезентацијата до 20 години, а има и 4 настапи за Олимписката репрезентација (до 23 години).
Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 29 мај 2016, во победата со 2-0 над Панама, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 64-тата минута на местото на Жонас, а подоцна во натпреварот го постигнал вториот гол за Бразил.
Наводи
Надворешни врски
Габриел Барбоса на soccerway Габриел Барбоса на transfermarkt Габриел Барбоса на goal.com Габриел Барбоса на espn Габриел Барбоса на footballplayersprofile
Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Сантос Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Бенфика Категорија:Родени во 1996 година