Спортски клуб „Интернасионал“ или само Интернасионал е бразилски фудбалски клуб од Порто Алегре, Јужно Рио Гранде. Клубот е основан на 4 април 1909 година.
Интернасионал е три кратен шампион на Бразил (во 1975, 1976 и 1979) и двапати шампион на Јужна Америка со освојувањето на Копа Либертадорес во 2006 и 2010 година. Исто така клубот бил победник и на Светското клупско првенство во 2006 година со победата над Барселона во финалето со 1-0.
Својте домашни натпревари ги играат на стадионот Беира-Рио, кој е со капацитет од 50.000 седечки места. Настапуваат во црвени дресови и бели шорцеви.
Титули Национални Бразилеиро Серија А (3): 1975, 1976, 1979 Куп на Бразил (1): 1992
Регионални Кампеонато Гаучо (45): 1927, 1934, 1940, 1941, 1942, 1943, 1944, 1945, 1947, 1948, 1950, 1951, 1952, 1953, 1955, 1961, 1969, 1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1975, 1976, 1978, 1981, 1982, 1983, 1984, 1991, 1992, 1994, 1997, 2002, 2003, 2004, 2005, 2008, 2009, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 Копа ФГФ (2): 2009, 2010 Рекопа Гауча (2): 2016, 2017
Меѓународни Копа Либертадорес (2): 2006, 2010 Копа Судамерикана (1): 2008 Рекопа Судамерикана (2): 2007, 2011 Suruga Bank Championship (1): 2009 ФИФА Светско клупско првенство (1): 2006
Наводи
Надворешни врски Официјална страна на клубот
Интернасионал И