Кларенс Зенер (; - ) – американски физичар кој прв ја опишал електричната одлика на Зенеровата диода која Беловите лаборатории ја нарекле според неговото име. Зенер бил теоретски физичар со математичка позадина. Исто така пишувал на разни теми вклучувајќи ги суперспроводливоста, металургијата и геометриското програмирање.

Зенер е роден во Индијанаполис во Индијана и докторирал физикана Универзитетот Харвард во 1930 година со тезата „Квантната механика на формирање одредени видови двоатомски молекули “(). Предавал на неколку американски универзитети пред да почне да работи во Вотертаун арселна во текот на Втората светска војна. Предавал на Универзитетот во Чикаго (1945-1951), работел во Вестингхауз електрик (1951-1965), предавал на Универзитетот Тексас (1966-1968), а потоа и на Универзитетот Карнеџи Мелон (1968-1993).

Поврзано Зенерова диода

Категорија:Американски физичари Категорија:Реолози Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Апсолвенти на Чикашкиот универзитет