Никола Јанкуловски (, ) – универзитетски професор, абдоминален хирург, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од 2016 до 2023 годинаРектор на УКИМ на семрежната страница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, декан на Медицинскиот факултет – Скопје од 2009 до 2016 годинад-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. 115-124.
Животопис Јанкуловски основно и средно образование завршил во Скопје. На Медицинскиот факултет – Скопје се запишал во учебната 1976/1977 година, и студиите ги завршил со просечна оценка 9,30. По завршувањето на студиите и задолжителниот лекарски стаж добил стипендија од Министерството за наука на Р Македонија да работи на Клиниките за хируршки болести, а од 1.5.1985 година се вработил на Клиниката за дигестивна хирургија. Во 1988 година бил избран за помлад асистент по предметот хирургија, а во 1990 година го положил специјалистичкиот испит по општа хирургија.
Д-р Јанкуловски објавил бројни научни и стручни трудови во домашни и меѓународни списанија. Исто така имал повеќе стручни престои во меѓународни клинички центри. Од 1999 до 2002 година бил хонорарен професор по предметот хирургија во државното средно медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“. Во декември 2002 година, д-р Никола Јанкуловски ја одбранил докторската дисертација под наслов „Процена на имунокомпетенцијата кај билијарната опструкција и улогата на билијарната дренажа врз прогнозата на болеста“. Во април 2004 година избран е за доцент по предметот хирургија на Медицинскиот факултет – Скопје. Од септември 2007 година до 1 април 2009 година ја извршува функцијата директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија. Од 1 април 2009 година е назначен за в.д. декан на Медицинскиот факултет – Скопје, а во септември истата година е избран за декан за мандатниот период 2009-2013 година. Во јануари 2013 година, д-р Јанкуловски е реизбран за декан во мандатниот период 2013-2017 година.Нова Македонија - Никола Јанкуловски реизбран за декан на Медицинскиот факултетИнтервју со д-р Никола Јанкуловски
Награди „Св. Климент Охридски“ од областа на здравството во 2013 годинаНаграда „Св. Климент Охридски“ за 2013 година „11 Октомври“ во 2015 година Четворица добитници на наградата „11 Октомври“
Наводи
Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски хирурзи Категорија:Југословенски лекари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Ректори на УКИМ Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Декани на Медицинскиот факултет во Скопје