Паломар 12 — збиено ѕвездено јато во соѕвездието Јарец кое припаѓа на ореолот на Млечниот Пат.
Јатото првпат е откриено во пописот на Националното географско друштво врз основа на снимките во Паломарската опсерваторија, во авторство на Роберт Џорџ Харингтон и Фриц Цвики,. Иако го завеле како збиено јато, Цвики сметал дека се работи за блиска џуџеста галаксија од Месната Група. Ова е релативно младо јато, за околу 30% помладо од највеќето збиени јата на Млечниот Пат. Јатото е бодато со метал, и има металичност од . Има просечна сјајносна распределеност од .
Изучувајќи го сопственото движење, во 2000 г. е претпоставено дека јатото е преземено од џуџестата галаксија Стрелец пред околу 1,7 милијарди години. Денес се смета за член на таа џуџеста галаксија (Cohen 2004, Sbordone et al. 2006), а неговата старост се проценува на 6,5 милијарди години.
Наводи
Надворешни врски Податоци за Паломар 12 на базата SIMBAD
Категорија:Збиени ѕвездени јата Категорија:Јарец (соѕвездие) ? Категорија:Месна Група Категорија:ESO-објекти