Метформин, со заштитено име Гликофаж помеѓу другите, претставува лек од прва линија за третман на тип 2 дијабетес мелитус.
Метформинот генерално добро се толерира од страна на организмот. Вообичаени несакани ефекти вклучуваат дијареа, наузеа и абдоминална болка. Ризикот за појава на намалена концентрација на гликоза во крвта е низок.
Метформинот бил откриен во 1922 година. Студиите на луѓе започнале во 1950-тите од страна на францускиот лекар Жан Стерн. Во 2025, е најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 2,0 милиони рецепти.
Историја
Бигванидната класа на антидијабетични лекови, во која исто така спаѓаат и лековите кои веќе не се употребуваат фенформин и буформин, потекнуваат од растението ждралка, растение кое се користело во народната медицина повеќе векови. G. officinalis самата не ги содржи овие соединенија, туку содржи изоамилен гванидин; фенформинот, буформинот, и метформинот се хемиски синтетизирани соединенија составени од две молекули на гванидин, и се повеќе липофилни отколку матичното соединение добиено од ждралката.
Контраиндикации Метформинот е контраиндициран кај лица со:
Тешко бубрежно оштетување (проценета гломеруларна филтрациона рата под 30 mL/min/1.73 m2) Позната преосетливост на метформин Акутна или хронична метаболна ацидоза, вклучително и дијабетична кетоацидоза (од неконтролиран дијабетес), со или без кома
Наводи
Категорија:Бигваниди Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација