Караџали (, Калирои, до 1927 г. Καρατζαλή, Караѕали)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρατζαλή - Καλλιρρόη — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 30 километри северно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, во северните разгранки на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска висина од 220 метри.

Историја

Во XIX век Караџали е мешано македонско-турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Караџали се состоело од 25 куќи со 21 жител-муслиман и 37 Турци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Караџали имало 85 Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.

По Втората балканска војна селото било вклучено во составот на Грција. Голем дел од муслиманското население заминало од селото кон Турција и на негово место било населено грчко население. По Првата светска војна, селото не се споменува, бидејќи било распаднато и напуштено. Во 1927 години селото било прекрстрно во Калирои.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 18 семејства и 69 жители-бегалци, додека во 1940 година селото броело 127 жители. Во текот на Втората светска војна, како и во текот на Грчката граѓанска војна, селото настрадало. Поради тоа, голем дел од населението го напуштило селото и заминало на побезбедно место. Селото во пописот од 1951 година броело 83 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 88 жители, во 1971 година имало 85 жители, во 1981 година имало 65 жители, додека во 1991 година имало 55 жители. Денеска, населението на селото е 40 жители.

Наводи

Категорија:Кукуш