Воловод или Горно Воловод () — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Βολοβότ - Νέα Σάντα.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 20 километри југоисточно од градот Кукуш и лежи на надморска висина од 103 метри..
Историја Југоисточно над Воловод, на планината Средец се наоѓа Воловодската тврдина — доцноантичка утврдена населба прогласена за споменик на културата.
По крајот на војната, селото било вклучено во составот на Грција. Голем дел од населението заминало од селото кон Македонија или Бугарија и на негово место било населено грчко население од Мала Азија. Во 1926 година селото било преименувано во Неа Санда. Во 1928 година селото броело 673 жители.
Демографија
Селото во пописот од 1940 година броело 902 жители, 1951 година броело 1605 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1802 жители, во 1971 живееле 1705 жители, во 1981 живееле 1738 жители. Денеска, населението на селото е 1508 жителиhttp://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf.
Стопанство
Дел од земјиштето на обработливата површина се наводнува од реката Куру Дере. Бидејќи самото село се наоѓа на поле, селото е богато со жито, а се произведува и голема количина на тутун. Во селото постои на полициска станица.
Наводи
Категорија:Кукуш