Мустали или Муцала (, Кидохори; книжевно: Κυδωνοχώριον, Кидонохорион; старо Μουσταλή , Мустали) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на околу четири километри источно од градот Бер, на надморска височина од 30 метри.

Историја

Веројатно селото било уништено во времето на Негушкото востание, од чии жители е изграден манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, кој го носи името на селото (манастир Муцала). Селото било обновено по Првата светска војна, кога тука биле населени 14 бегалски семејства со вкупно 47 жители.

Стопанство

Населението кое е преостанато, но и иселените жители, главно ги обработуваат околните земјоделски површини околу селото.

Население

Селото најпрвин било забележано по Првата светска војна, како место со 14 бегалски семејства и вкупно 47 жители. Во 1920 година, селото е забележано со 26, во 1928 година со 58, во 1940 година со 83, во 1951 година со 54, во 1961 година со 37, во 1971 година со тројца, во 1981 година со двајца, а во 1991 година со 10 жители.

Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 16 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со тројца жители.

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бер, во кој покрај Мустали влегува и градот Бер и селата Лазохори, Меч и Тарамон.

Иселеништво

Најголем дел од жителите на селото се имаат преселено во градот Бер, поради неговата непосредна близина, поради што селото скоро и да е целосно напуштено.

Наводи

Категорија:Бер (општина)