Владаја (, Акритас; до 1926 г. Βλαδάγια, Владаја)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν — село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 20 километри северозападно од градот Кукуш, на 3 километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 173 метри.
Зафаќа површина од .
Полето на селото, наречено Владајско Поле, се наоѓа преку границата, во атарот на с. Сретеново, Општина Дојран.Владајско Поле (8413583) — GeoNames
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Владаја се состоела од 50 семејства и 264 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Владаја имало 150 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 232 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано како напуштено село без жители. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Акритас.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 293 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 522 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 417 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 381 жител, во 1971 година имало 328 жители, во 1981 година имало 253 жители, додека во 1991 година имало 263 жители. Денеска, населението на селото е 245 жители.
Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Ѓорѓи“ од 1884 г., прогласена за споменик на културата. „Св. Антониј“ од 1888 г.
Личности Родени во Владаја Ване Колев (1885 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 354. Језекил Дервиски (р. 1938) Кирил Митев (? - 1913)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 446. Свештеник ХристовМакедонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 99.
Наводи
Категорија:Кукуш Категорија:Дојрански села