Вардино (, Лимнотопос, до 1927 г. Βάρδενο, Вардено) — село во областа Бојмија, Гевгелиско, а денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ во Егејска Македонија, Грција. Населението брои 57 жители (2021).
Географија и местоположба Селото Бајалци е сместено во рамничарскиот предел на јужниот раб на Гевгелиско-валандовската котлина односно во историско-географската и етнографска област Бојмија, во долното течение од левата страна на реката Вардар. Се наоѓа западно од градот Кукуш и е на оддалеченост од педесетина километри од Солун, крај главниот пат и железничката пруга кои водат од Солун за Скопје (Е-75) . Селото Вардино е расположено на надморска височина од 40 метри.
Историја Во минатото, селото Вардино било населено исклучително со македонско население, при што во статистиките на К’нчов од 1910 се споменува со 60, Бранков го запишал со 64 жители - Македонци, додека Милоевиќ го води со 5 македонски куќи и 7 домови на Роми муслимани. Во 1923 - 1924 година, тука биле сместени поголем број на бегалски семејства од Понд и Источна Тракија.
Стопанство Земјиштето кое се наоѓа во алувијалната рамнина на Вардар е многу плодно. Главни производи на населението се жито и памук.
Население Во пописот од 1913 година селото е евидентирано само со 54 жители, додека во 1920 година Вардино имало 79 жители, кои всушност биле преселеници. Со населувањето на бегалски семејства во Кавказ и Понд, бројот на жителите во 1928 нараснува на 248, во 1940 имало 224, во 1951 на 172, во 1961 на 205, за да опадне во 1971 на 161, во 1981 на 146+, а во 1991 на 121 жител.
години население 1928 248 1940 224 1951 172 1961 205 1971 161 1981 146 1991 121 2001 130
Иселеништво По уништувањето на селото во Балканските војни од страна на грчката војска, најголемиот број од македонското население се иселило во Бугарија, а извесен број семејства се сместиле во Гевгелија.
Самоуправа и политика
Наводи
Категорија:Пајонија (општина) Категорија:Гевгелиски села