Метохи () — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа југоисточно од градот Бер, во најсеверните падини на планината Шапка, крај патот од гратчето Кутлеш за Бер.
Население
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 73 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 110 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Кутлеш со седиште во гратчето Кутлеш, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Метохи, во кој е единствено село.
Наводи
Категорија:Бер (општина)