Нов Чеган (, Неос Агиос Атанасиос) — новоизградено село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението е македонско, преселено од старото село Чеган.
Географија и местоположба Селото е сместено 4 км источно од Чеган и 8 км северозападно од Острово. Лежи на надморска височина од 706 м.
Историја Населбата е подигната во 1980-тите, според властите, поради наводната „геолошката нестабилност“ на старото село и населението на Чеган во голема мера е преселено во него.
Старото село Чеган значително настрадало Втората светска и Граѓанската војна, во кои многу жители загинале како активни борци во борбата против постоечкиот режим.Симовски, стр. 59-60 Бројни семејства биле принудени да се иселат во Р. Македонија и источноевропските земји, а самото село останало напуштено. Жителите биле преселени нешто пониско, во новосоздадениот Нов Чеган. По нормализацијата на состојбите, дел од жителите се вратиле и го обновиле Чеган, но населението веќе било значајно намалено и понатаму опаѓало, за што сведочи фактот што денес тоа има само 67 жители. Присилното иселување на селаните се смета за политичко-стратешка одлука, со цел да се олесни нивната асимилација поради блискоста на новото место со сообраќајниците, наместо понуденото официјално образложение.
Население Како нова населба, Нов Чеган за првпат се јавува во пописот од 1991 г.
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Чеган, каде спаѓа и селото Чеган.
Поврзано Чеган Бегна — поранешно село на дел од чеганското население Чеганска офанзива Чеган Планина
Наводи
Категорија:Воден