мини|десно|200п|Мајка Македонија - персонификација на Македонија мини|десно|200п|“Дали има народ кој толку многу страдал од своите синови изроди, како македонскиот!“ - Гоце Делчев

Македонски извори за македонскиот идентитет се пишани документи или изјави на видни македонски национални дејци кои говорат за посебноста на македонскиот национален идентитет.

Запис на учителот Ѓорѓи Македонски за своето потекло, 1846 година

Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште и за Ранковце и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Варскија како 7-мо дете од дванаесетте деца, пет машки седум женски . Славјанското писмо го изучив од татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме Маќедонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф свјаштеник, а неговиот дедо Стоимен, свјаштеник. И ја прекарот си го земав Маќедонски, а не по дедо ми, за да се знае оти сме Славјани од Маќедонија. Ден Голема Богородица на 1846 година.

Учителот Ѓ. Маќедонски, родум од с. Радибуш (Кривопалнечко), по повод настапувањето на учителската должност во родното с. Радибуш, го оставил овој запис со фразата вообичаена за тоа време „Да се знае” (Знано будет ...)

Ѓорги Пулевски

Во своето второ објавено дело „Речник од три јазика“ (тријазичник) од 1875 Ѓорѓија Пулевски првпат ја изложува македонската национална идеологија за македонска посебност и самобитност:

„и Македонциве се народ и местото нивно е Македонија” „Нашето отечество се велит Македонија и мие се именуваме Македонци“

Ѓорѓи Пулевски, во песната „Македонска самовила и еја посестрима“, печатена во неговата книга „Македонска песнарка“, Софија 1879, кн. I. стр. 17, пишува:

„Да ли сте чуле, Македонци, стари људи што говорат Од Македонци по јунаци над них не било. Цар Александар Македонски триста лета пред Христа Со Македонци сви вселену повладал. Наш крал Филип - Славјанин е, цар Александар - Славјанин е Наши баби славјански ги родиле. Македонци! Сетите се за јунакство македонско, Та спроти старих вие сега да следувате!“

Во своето обемно, капитално дело Славјанско-маќедонска општа историја од 1892 година, Ѓорѓија Пулевски пишува:

А Македонци оту се староместни полострофски жители и гостопријемци и болгарски и српски и горцки и од други народности, а суседи елински, затоа во оваја книга кажуваме Славјанско-маќедонска историја и за од сви живуштих пришелци полострофски - да си знојат кој когашен је

Атанас Раздолов Атанас Раздолов е македонски револуционерен писател и поет, автор на написи, стихотворби и брошури со теми од револуционерната борба. Близок пријател и приврзаник на Гоце Делчев, којшто пак од своја страна, насекаде топло ги препорачувал неговите дела.Енциклопедија Македоника, Скопје, 2009, том II, стр. 1247Петър Карчев, "През прозореца на едно полустолетие" (1900-1950), стр. 1011 Во својата брошура ‘Иднината на Балканскиот Полуостров’, издадена во Варна, во 1914 г., Раздолов вели: "Сè водеше кон автономија на Македонија, кон слоганот „Македония за Македонците“, т.е. секој да има еднакви права на граѓанин и да живее слободен живот - таков, какoв што се родил, а не Србинoт да го прави насила ,србин', Гркoт - ,грк', Бугаринoт - ,бугарин'..." Атанас Раздолов, „Бѫдащето на Балканския полуостров“ („Иднината на Балканскиот Полуостров“), Варна, 1914, стр. 4

Ѓорче Петров

"Положбата на нас Македонците во последниов период сѐ повеќе се влошува... соседните ослободени држави го прибираат македонското население, од кое што половината не се ни враќа на својата земја, а нив ги заменуваат заселници Турци и черкези - маџири. Отоманските власти дозволуваат да се разгоруваат разните пропаганди на соседите, дозволуваат разни убиства и грабежи врз христијанското население. Сето тоа јасно ја покажува положбата на нашата ни мила татковина Македонија, а така е и во Одринскиот вилает... Ние мора да преземеме дејства за да го свртиме вниманието на цел Свет, одново да го актуелизираме македонското прашање, патем и прашањето на Одринско. Но, за таа цел нужно е сите Македонци да се обединиме, и здружно да дејствуваме." весник ’Лоза’, бр. 5, 1894

„Денешните историски докажувања и расправии како тоа дека тука владеела Србија, дека српскиот дух е силен и други такви со кои се служат „браќата“ за да докажат дека сме Срби и обратно, тврдењата на „Новини“ врз основа на некои факти од „Бугарската историја“ и врз мислењата на разни историчари и патописци, дури врз историските спомени на населението за српските владетели на кои спомени многу се силат „браќата“ или големото влијание на мизиските и тракиските Бугари врз Македонците и нивното заемно учество во разни движења, нивната нова заедничка историја, најпосле „славата“ на Милоевиќ и „курбанот“ на г.Шопов, сето тоа се бессодржински докажувања и аргументи кои можат да даваат материјал на секојдневните весници и списанија наменети за масата, но за науката не вредат ни луле тутун“

Ѓорче Петров, За српските и бугарските тврдења во однос на народноста на Македонците, во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, 1896

Гоце Делчев

“Cѐ додека моето рамо крепи пушка, Македонија ќе биде недостапна за било кој бугарски офицер.“ 'Револуционен Лист', 1905, пренесено од Димо Хаџидимов ;

“Ослободението на Македонија лежи во внатрешно востание. Доколку можеше поинаку, Македонија одамна ќе беше слободна државичка.“ Изјава од писмо до Ефрем Каранов, 1895 г. ;

“Дали има народ кој толку многу страдал од своите синови изроди, како македонскиот!“ Изјава од писмо до Никола Малешевски, 1897 г. ;

"Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?" ;

"...Tоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците."

Петар Поп Арсов “Порано златото на нашиот земјак Филип ја поткупи разединетата атинска интелигенција и ја пороби Грција, а сега дојде друго време со сосема спротивни услови - братот брата си го продава… И Егзархијата дава пари и купава ветер зашто народноста со пари не се купува - тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува… Што сакате впрочем од куклите што ги создава егзархискиот режим?! – ‘Дај ми пари, и ќе се чинам бугарин’…” Вардарски (Петар Попарсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, стр. 77Исто, стр. 102-103

Јане Сандански

"И Бугарија и Србија досега се раководеа од своите најтесни интереси. Ним главна цел не им беше слободата на овој народ овде, туку нивните себични интереси проширување на нивните држави. По овие случувања тие ќе си останат каде што се, а ние овде ќе создадеме своја татковина... нивната пропагандна девиза “ослободување на своите браќа“ изгуби секаква смисла и сега е беспредметна." Интервју co Јане Сандански, весник "Политика", јули 1908 година ; "Ние не сакаме бугарска Македонија, сакаме Македонија за Македонците, Македонија ослободена од суровата тиранија. Граѓани, да го тргнеме ова од патот. да се разбереме. сите сме исти. угнетувањето, под една иста тиранија и аспирации нè погазуваат да бидеме исти. Не сме само ние што страдаме од крв." "Македонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот. Tреба да се бориме за издвојување на својата слобода без да се надеваме на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да не ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат."

"Македонците не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Куцовласи, туку се чисти Македонци, потомци на античките Македонци на Филип II и на Александар, коишто ги подјармија Грците." "Τα Παρασκηνια του ΚΚΕ" ("Зад Кулисите на К.П.Г."), стр 213 - Елефтериос Ставридис, 1953, пренесено од Тодор Паница во 1924;

Toдор Паница: "Јане Сандански беше еден национален револуционер, апостол на идејата за македонска нација.”

Никола Карев "...Морам да нагласам дека Комитетот не е бугарски. Ако Бугарија мисли да нè претвори во нејзина провинција, си направила лоша пресметка... Нас нè интересира нашата слобода, а не бугарските интереси. Ние сакаме автономна република... Не нè интересира дали ќе нè ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја од нив е само наша благодарност." весник „Акрополис“, 8 мај 1903

Борис Сарафов "Ние Македонците се сметаме за целосно одделен национален елемент и нема да дозволиме нашата земја да биде зграпчена од Бугарија, Србија или Грција." The Times, Лондон, 12 април, 1901 ;

"Ние Македонците не сме ни Срби, ни Бугари, туку просто Македонци. Македонскиот народ постои одделно и од српскиот и од бугарскиот... Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците." “Македонски Глас“, Санкт Петербург

Во списанието Македонски глас, 1914

Даме Груев "Ако постои грчка и српска пропаганда, зошто да не може да постои и бугарска. Таа постои. Има бугарски политичари кои се поголеми наши непријатели од Грците и Србите. Под имињата на мошне познати шефови тие испраќаат чети во Македонија да агитираат за анексионистичката идеја... Тука има место само за една организација, а тоа е народната, македонската."

Обраќање на Павел Шатев, Петар Делииванов и Божин Проданов

„Македонскиот народ денес е расцепкан од "миротворците" на Балканот - Грција, Србија и Бугарија... Новите владетели на Македонија ги гонат носителите на македонската национална мисла, и со тоа ја уништожуваат полувековната националноослободителна борба на Македонците." Објаснување од македонската јавност до светското јавно мислење (Обраќање на Павел Шатев, Петар Делииванов и Божин Проданов во 1938 година до светската јавност за положбата на македонскиот народ), стр 2 „Македонското прашање произлезе од борбата на македонскиот народ за слобода и независност!" Објаснување од македонската јавност до светското јавно мислење (Обраќање на Павел Шатев, Петар Делииванов и Божин Проданов во 1938 година до светската јавност за положбата на македонскиот народ), стр 3

Крсте Мисирков Крсте Мисирков во една своја статија за софиски весник во 1925 вели: „Дозволете ни слободно да се нарекуваме и да се чувствуваме како Македонци, просто Македонци, без додавката ,б'лгари’.“ „ПАТОТ НА ПОМИРУВАЊЕТО“, К. Мисирков ; в. "Илинден", V, бр. 5, 30 јануари 1925

Во својата статија „Самоопределување на Македонците“ од 25 март 1925, објавена во весникот „Мир“, Крсте Мисирков пишува:

...Но како Македонец, јас во Бугарија се чувствувам како на туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома, во својата татковина. Таа е таму, каде што сум се родил и каде што јас треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично.

Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сѐ друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме близоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сѐ треба да биде оценувано од македонско гледиште.

Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас Македонците да нѐ прашаат за сите прашања што нѐ засегнуваат нас и нашите соседи, а не да се свршува сѐ само со спогодби помеѓу Бугарија и Србија за нас, но без нас. „Бугарија и Русија, можам да работам и со двете сè додека можам да ја ослободам мојата татковина, што треба да биде цел на секој Македонец"

Признание на Димитар Ризов