Ѓорѓе Ристиќ (Пеќ, 6 август 1881 — Ниш, 27 јануари 1911), наречен Скопјанчето, бил српски четнички војвода, кој делувал во Стара Србија и Македонија

Животопис мини|лево|Писмо од Белград до Генералниот Конзулат на Србија во Скопје, односно барање да го стави Ѓорѓе Скопјанчето на плата, исплатена од буџетот на Конзулатот. (Белград, 21 декември 1909) Завршил гимназија во Скопје, а потоа се запишал во Подофицерска школа во Белград во 1904. Откако се стекнал со чин наредник, ја преминал српско-турската граница, и започнал со четникување. Поради покажана храброст, во 1905 година стекнал звање војвода. Учествувал во битките на Гуглин, Петралица и Челопек во 1905 година. Негов реон била кумановската околина, каде често се судирал со бугарскиот војвода Крста Коњушки.

Умрел од последица на долготрајното четникување, и нарушено здравје поради долго живеење на отворено при лоши временски услови.П. Пешић, Четнички покрет у Краљевини Србији 1903-1918, Кргујевац 2007, 385П. Д. С., Јеринић, Војводе из четничке акције у Старој Србији и Маћедонији 1903-1912, Добровољачки гласник, бр. 32, Београд 2008, 32

Закопан е во Ниш, каде му е подигнат споменик во 1913 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Пеќ Категорија:Војводи на Српскиот комитет на четничката акција Категорија:Родени во 1881 година