Инанли (, Акропотамија, до 1926 Ινανλή, Инанли)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Ινανλή — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 10 километри југоисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 297 метри.

Историја

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 135 жители, додека во 1920 година 107 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители. Во 1926 година, селото било преименувано во Акропотамија.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 115 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 240 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 312 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 403 жители, во 1971 година имало 286 жители, во 1981 година имало 299 жители, додека во 1991 година имало 211 жители. Денеска, населението на селото е 105 жители според пописот од 2001 година.

Наводи

Категорија:Кукуш