Нихор (, Неохоропуло; книжевно: Νεοχωρόπουλον, Неохоропулон) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Во минатото претставувало одделно село, но денес се смета за маало од селото Корифи.
Географија и местоположба
Сместено е во областа Урумлак, југоисточно од градот Гида, на половина километар западно од Корифи.
Историја
По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Нихор била мешана населба со 21 бегалско семејство со вкупно 87 бегалци.
Население
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Нихор е село во Берската Каза и во него живееле 100 Македонци.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нихор (Nihor) живееле 100 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.
Самоуправа и политика
Денес, претставува дел од селото Корифи.
Наводи
Белешки
Категорија:Историски села во Гида