Жервохор или Чрвор (понекогаш и Долно Жервохор или Старо Жервохор; , Палео Зервохори; книжевно: Παλαιόν Ζερβοχώριον, Палеон Зервохорион) — село во Негушко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција. Населението е сочинето исклучиво од Македонци.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 16 километри североисточно од градот Негуш и на речиси исто растојание северно од градот Бер и југоисточно од Вртикоп, на рамното берско-воденско поле, на надморска височина од 14 метри.

Сместено е во Солунското Поле. Оддалечено е само еден километар источно од новата бегалска населба Горно Жервохор. Низ селото тече реката Марица.

Историја

И ова село, како и сите околни села, биле населени исклучиво со македонско население.

Во 1907 година, селото е напаѓано од четите на грчката вооружена пропаганда во Македонија на чело со Телос Агапинос и капетанот Пелас (Панајотис Папаѕанетејас), но успешно било заштитено од четата на Апостол ПетковΠαπατζανετέας Παναγιώτης преземено од страницата http://pandektis.ekt.gr

По Првата светска војна во 1923 година, во селото биле населени поголем број бегалски семејства од Понд, така што селото станало мешана населба која во 1928 година имала 466 жители, од кои 65 бегалски семејства со вкупно 205 жители. Меѓутоа, бидејжи бегалската семејства биле сместени во новата населба, која се наоѓа на еден километар од Жервохор и која подоцна се води како посебна населба под името Горно Жервохор, селото Жервохор останало чисто македонско.

Стопанство

Благодарение на високата плодност на земјата, која целосно се наводнува, Жервохор е мошне богато село. Главното занимање на населението е земјоделството, а како главни производи се овошјето, памукот и нешто пченица.

Население

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото Жервохор живееле 240 Македонци христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Жервохор (Jervohor) имало 240 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.

Во 1910 година, во Жервохор (Ζερβοχώρι) имало 180 жители.Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927

Во пописот од 1913 година било забележано со 242, а во 1920 година со 270 жители. По 1923 година во селото биле населени грчки бегалци, со што селото станало мешана населба, така во 1928 година броело 466 жители. Меѓутоа, бегалците подоцна биле преселени во новата бегалска населба (подоцна наречена Горно Жервохор), која била издвоена од селото Жервохор, со што селото останало само со месното македонско население. Тоа е и причината поради која во пописот од 1940 година, Жервохор се води со намален број на жители, односно само со 284 жители. По Втората светска војна, селото покажува извесно зголемување: во 1951 година било забележано со 331 жител, во 1961 година со 369, во 1971 година со 375, во 1981 година со 394, а во 1991 година со 413 жители, сите Македонци.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 369 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 301 жител.

Знаменитости Црква „Св. Никола“ од 1843 г., прогласена за споменик на културата

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Иринуполи со седиште во селото Вештица Берска, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Горно Жервохор, во кој покрај Жервохор влегуваат и селата Горно Жервохор и Ново Село.

Наводи

Белешки

Категорија:Негуш