Џумаја или Џума (, Месео; до 1949 г. Μεσιό, Месио,Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μεσιό -- Μεσαίον до 1926 г. Τζουμά, ЅумаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τζουμά -- Μεσιό) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 533 жители (2011).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Вардарија во Солунското Поле, на левиот брег на реката Галик, од спротива на с. Нареш. Лежи на надморска височина од 125 м.
Историја Џумаја во минатото била населена со турско население. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Џумаја Маала, Лагадинска Каза, живееле 150 Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 171.
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото било припоено кон грчката држава. Истата година Џумаја имала 106 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ ја завел Џумаја со 10 турски куќи. Во 1920 г. во селото останале само 20 лица. Со Лозанскиот договор, преостанатото население е иселено во Турција, а на негово место се доселени 48 грчки семејства од Понд и едно грчко семејство од Источна Тракија. Според пописот од 1928 г. Џумаја била доселеничко село 150 дојденци (49 семејства).Симовски дава бројка од 184 жители за 1928 г. Во 1926 г. селото е преименувано во Месио, а во 1949 г. го добило денешното име Месео.
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Калитеја со седиште во Градобор, која припаѓа на поголемата општина Даутбал, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Џумаја, каде спаѓаат и селата Даутли и Ени Маала.
Стопанство Населението се занимава со одгледување на тутун, жито и други земјоделски култури, а делумно е застапено и сточарството.
Наводи
Категорија:Даутбал