мини|десно|250п|Грновачкото Езеро под Маглиќ Маглиќ () — динарска планина во Република Српска (БиХ), на границата со Црна Гора. Со надморска височина од 2.386 м претставува највисока планина во Босна и Херцеговина. Се протега во правец северозапад-југоисток. Се наоѓа во Националниот парк Сутјеска создаден во 1962 г. околу клисурата на реката Сутјеска и падините на Маглиќ.

Географија Планината се наоѓа од градот Фоча, кај границата со Црна Гора. Најблиско населено место е Мратиње. Јужните и југозападните предели околу Маглиќ се висорамнински, направени од карстен варовник.

Масивот на Маглиќ со состои од два врва: Велики Маглиќ (2.386 м) на босанска страна и Црногорски Маглиќ (2.388 м) на црногорската страна, кој е повисок за 2 м. Во црногорскиот дел е образувано Трновачкото Езеро кое важи за едно од најубавите во Црна Гора. Езерото е ледничко потекло и лежи во амфитеатрално седло на надморска височина од 1.517 м, долго е 700 а широто 400 м и има синозелена боја.

Планината е ограничена од реката Сутјеска на север и запад од планината Волујак на југозапад, реките Дрина и Пива на исток и долината Мратиска Увала на југ.

Падините на Маглиќ имаат разновидна поривка, но особено богата е шумата Перуќица, која ужива посебен заштитен статус како најстарата прашума во Европа (и една од двете преостанати). Северозападните падини имаат густа зимзелена и букова шума до н.м. висина од 1.600 м, но во други правци падините се многу стрмни, карпести и голи. Висорамнинските делови над 1.600 м имаат пасишта.

Врвот е пристапен преку патеки во националниот парк и обично се освојува за два дена. Високогорскиот пристап е само од јужната страна и се одликува со богата растителнсот од трева и борови. Од врвот на Маглиќ се гледаат планините Волујак, Биоќ, Трновачкото Езеро, Дурмитор (во Црна Гора) и други планини во БиХ на север и северозапад.

Поврзано Перуќица Национален парк Сутјеска Динариди

Наводи

Надворешни врски

Маглиќ на Peakware Маглиќ на SummitPost Планинарска карта на Маглиќ

Категорија:Планини во Босна и Херцеговина Категорија:Планини во Република Српска Категорија:Планини во Црна Гора Категорија:Највисоки точки на земјите Категорија:Меѓународни планини во Европа