мини|160п|десно|Биста на Бернолак во Братислава
Антон Бернолак (; — ) — словачки јазичар и католички свештеник и создавач на првиот стандард за словачкиот јазик.
Живот
Бил роден во ниско благородно семејство во областа Орава. Учел гимназија во Ружомберок во периодот 1774-78, а подоцна во Трнава и во Виена, а дипломирал на теологија на општата богословија во Пресбург во 1787 година. Во истата година го кодифицирал првиот стандард за словачкиот јазик, кој бил заснован на западнословачките дијалекти говорени околу Трнава, со некои елементи од средишните дијалекти. Јазикот, наречен „бернолаковчина“ (bernolákovčina), не бил прифатен како национален стандарден јазик, иако бил пресвртница во создавањето на современата словачка држава. Од 1787 до 1791 година бил ѓакон во Бернолаково, од 1791 до 1797 година секретар во архиепископијата во Трнава и од 1797 година до својата смрт во 1813 година, свештеник во Нове Замки.
Неговиот јазик бил основа за активностите на „Словачкото образовно братство“ (Slovenské učené tovarišstvo), основано во 1792 година во Трнава и исто така за движењето на следбениците на Бернолак, кое траеле три генерации.
Дела
1782 Divux rex Stephanus, magnus Hungarorum apostolus 1787 Dissertatio-critica de literis Slavorum 1787 Linguae Slavonicae… compendiosa simul et facilis Orthographia 1790 Gramatica Slavica („Словачка граматика“) 1791 Etymologia vocum slavicarum („Етимологија на словенските зборови“) 1825 / 1827 Slowár Slowenskí, Češko-Laťinsko-Ňemecko-Uherskí (Словачко-чешко-латинско-германско-унгарски речник), речник на шест јазици, предложен да биде ризница за зборови на литературниот јазик, издаден по смртта на Бернолак во Будим од Јурај Палкович
Надворешни врски
Антон Бернолак Slowár Slowenskí Češko-Laťinsko-Ňemecko-Uherskí (отсликано)
Категорија:Родени во 1762 година Категорија:Починати во 1813 година Категорија:Луѓе од Наместово Категорија:Словачки католици Категорија:Словачки јазичари