Антоан Демоатје (; во — во ) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за професионалната континентална екипа . Во септември 2015 година објавил дека ќе ја напушти екипата Валони-Брисел за да се приклучи на за сезоната 2016.

Живот

мини|десно|Антоан Демоатје (лево) на Класикот Хандзаме

Демоатје во 2010 година возел како стажант во белгиската континентална екипа Лото-Бодисол и таму останал и следната сезона со редовен договор. Во 2012 година возел за екипата Идемаспорт-Биованце, за која освоил една етапа на Триптих на планините и замоците, две етапи на Карпатската трка и една етапа на Триптик Ардени. Освен тоа, победи на друмската трка на покраинското првенство во Лиеж. Со тоа, Демоатје се префрлиле во екипата Валони-Брисел и одново го освоил покраинското друмско првенство. Во 2014 година на еднодневната трка Тур ди Финистер го освоил својот најзначаен меѓународен успех дотогаш. Во 2015 година освоил една етапа на Сиркут де Ардени.

По неговите учества во помали екипи, во 2016 година Демоатје успеал да потпише договор со професионалната континентална екипа и да вози трки од Светската турнеја. На класикот Гент-Вевелгем 2016 на 27 март 2016 година, Демоатје најпрвин паднал и без да може да стане, бил удрен од придружен мотор на трката, повредувајќи ја главата. Бил однесен во болница во Лил каде истиот ден им подлегнал на повредите. Неговиот колега Гаетан Биле објавил на Твитер дека Демоатје станал дарител на органи; тројца пациенти ги добиле неговите органи.

Во изминатите месеци се случиле повеќе несреќи со придружните мотори на трките и заради тоа се појавиле критики кон нив. Водството на екипата на Демоатје, сепак, не го обвиниле возачот на моторот: за разлика од другите случаи не возел брзо и немал вина за трагичниот настан. Возачот е многу искусен, веќе 20 години учествува во велосипедизмот.

Достигнувања

2012 1. Етапа 2б Триптих на планините и замоците Карпатска трка 1. Етапа 2 1. Етапа 3 3. Триптик Ардени 1. Етапа 3 3. Гоиксе Пејл 2013 2. ГП Стад Гел 3. Ронде Певелоа 2014 1. Тур ди Финистер 2. Омлоп ван хет Васланд 2015 1. Етапа 4 Сиркут де Ардени 1. Ванзеле Курсе 2. ГП Стад Зотегем 2. Класик Хандзаме 3. Гран при д’Увертир ла Марсејеза

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Починати во 2016 година Категорија:Луѓе од Лиеж Категорија:Белгиски велосипедисти