Институт за старословенска култура — јавна научна установа, придружна членка на универзитетот „Св. Климент Охридски“, единствена од ваков тип во Македонија.
Историја Институтот за старословенска култура е формиран на 15 јули 1979 година во ПрилепОдлука на Собранието на општата самоуправна заедница на научните дејности, Скопје, бр. 14-101/1, а својата работа ја започнал 1 јули 1980 година. Со својата научноистражувачка дејност од областа на општествените и хуманистичките науки, институтот, уште во самиот почеток, станал познат научен центар за мултидисциплинарно проучување на културната историја на македонскиот народ во контекст на целокупното словенско културно-историско милје. Во неговото досегашно постоење Институтот успеал да обезбеди претставителна систематизирана граѓа од истражувањата на планот на археологијата, историјата на уметност, историјата, лингвистиката, како и етнологијата.
Организационата структура опфаќаПридружни членки на УКЛО Сектор за научноистражувачка работа којшто во својот состав ги има следниве одделенија: Одделение за археологија, Одделение за историја на уметноста, Одделение за историја, Одделение за етнологија и етногенеза, Одделение за помошни историски науки (дипломатика, палеографија), како и: Сектор за документација и информатика и Сектор за општи, правни, административно-технички и сметководствено-финансиски работи.
Директор на институтот е д-р Александар Василески (сос. 2022).
Наводи
Категорија:Институти при Универзитетот Св. Климент Охридски