Свети Теодор Тирон — главна селска црква во штипското село Пиперово, Македонија.
Денес, црквата е запуштена и се наоѓа во лоша состојба и распаѓање, а околу нејзе вегетацијата е целосно обрасната.
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел од селото. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари и силни ветрови.
Историја
Црквата е изградена во век, а не е познато од кого била осветена.
Во 1912 година, црквата била обновена.
Архитектура Фрескоживопис
Во 1912 година била живописана од непознат автор.
Икони и иконостас Иконите заедно со иконостасот се стари од 1863 година, но нивниот автор исто така не е познат.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Осма приградска парохија Пиперово
Наводи
Надворешни врски
Пиперово