Означувачки јазик — сметачки јазик кој врши комбинирање на текстот со некои дополнителни информации поврзани со текстот. Дополнителните информации, пример структурата на текстот и начинот на негова презентација, се изразува со помош на означувачи/маркери, кои се вметнати во примарниот текст. Најпознат јазик за означување во современа употреба е HTML (HyperText Markup Language). Историски гледано означувањето било користено (и сѐ уште се користи) во издаваштвото во процесот на комуникација помеѓу авторите, издавачите и печатарите. right|thumb|300px|Фрагмент од Оксфордскиот речник обележан со SGML елементи Јазиците за означување често се поделени во три класи: презентациони, процедурални и описни.

Категорија:Формални јазици Категорија:Американски пронајдоци