Глајхен () — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Општината е именувана по два замока, Нојен-Глајхен и Алтен-Глајхен во близина на општината, кои се наоѓале на два врва над Рајнхаузен. Самата општина е сместена на околу 10 километри југоисточно од градот Гетинген. Седиштето на општината се наоѓа во Рајнхаузен.
Географија Местоположба
мини|лево|Туристички патоказ на влезот на селото
Општината Глајхен се наоѓа југоисточно од градот Гетинген, западно од Дудерштат и северозападно од Хајлбад Хајлигенштат. Најголемиот, западен дел на општината се наоѓа во областа Рајнхојзер Валд. Низ повеќе делови на општината тече реката Гарте, како и малиот поток Вендебах (на кој постои и вештачко езеро). Обата водотека се десни притоки на реката Лајне.
Во центарот на општината се наоѓаат врвовите „Глајхен“, високи 430 метри. На обата врва во минатото имало замоци, чии остатоци можат и денес да се пронајдат.
До општината може да се стигне преку сојузниот автопат Б27.
Општински единици
Општината е создадена со општинската реформа од 1973 година и има 16 села, додека нејзиното седиште во Рајнхаузен:
Бајенроде Бенихаузен Бишхаузен Бремке Димарден Еценборн Гелихаузен Грос Ленгден Ишенроде Керстлингероде Клајн Ленгден Рајнхаузен Ритмарсхаузен Затенхаузен Вајсенборн Велмарсхаузен
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Гетинген (округ)