мини|десно|250п|Клисурата Казан кај Кладово 250п|мини|десно|Хидроелектраната Ѓердап Ѓердапска Клисура (, , , , , ) – најдолга и најголема клисура во Европа. Формира дел од границата меѓу Романија и Србија, при што Романија е северно, а Србија јужно. Клисурата е национален парк од двете страни, од романската страна е националниот парк Железна врата, а од српската страна националниот парк Ѓердап.

Назив на клисурата Романскиот, унгарскиот, словачкиот, турскиот, германскиот и бугарскиот назив имаат значење железна врата, додека на бившојугословенските простори е позната како Ѓердапска Клисура или само Ѓердап.

Котлини и клисури во Ѓердапската Клисура Ѓердапската клисура претставува композитна (ја сочинуваат наизменично 4 котлини и 4 клисури), антесцедентна (засекувањето на коритото одело паралелно со тектонските поместувања) долина и изгледа вака: Голубачка клисура Љупковска долина Клисура Госпоѓин вир Долномилановачка котлина Клисура Казан Оршавска котлина Сипска клисура Влашко-понтиска низина

Во клисурата има археолошки наоѓалишта и културно-историски споменици, како што се населбите Лепенски Вир, Голубачки Град, остатоци од Трајановиот мост, Трајановата плоча, како и разни сочувани примери на народната словенска архитектура.

Акумулација мини|250px|лево|Ада Кале во 19 век Во 1964 година почната е изградба на хидроелектрана за која цел е направена брана на излезот од клисурата. Ова довело до подигање на нивото на водата и потопување на речниот остров Ада Кале. Акумулацијата се нарекува Ѓердапско Езеро.

Галерија

Поврзано Хидроелектрана Ѓердап I

Категорија:Клисури Категорија:Клисури во Србија Категорија:Дунав Категорија:Национални паркови во Србија Категорија:Национални паркови во Романија Категорија:Стара Планина