мини|300п|Апостол Епафродит

Епафродит (Έπαφρόδιτος) ― македонски христијанин од Филипи, близок соработник на апостол Павле. Тој е еден од Седумдесет апостоли, кого како светец го слават и православната и католичката црква. Бил прв апостол во Мала Азија.

Епафродит е познат како помошник при мисијата на Апостол Павле (Филипјани 2:25 и 4:18). Познато е дека вредно работел на таа задача, поради што го изгубил и здравјето. Според зборовите на Павле: „Болен е, и скоро ќе умре“. Но, тој се опоравил, и Павле го испратил назад во Филипи. Во своето Послание до Филипјаните Павле ги теши неговите пријатели, кои чуле за неговата тешка болест и моли за него, Црквата да го прими со радост (Филипјани 2,29).

Како виден градски првенец и ревносен христијанин, после евангелистот Лука, бил поставен лично од апостолот Павле на чело на Филиписката христијанска општина. Според црковното предание, тој бил првиот епископ на Филипи.

Наводи

Категорија:Светци Категорија:Седумдесет апостоли Категорија:Епископи Категорија:Починати во непозната година Категорија:Родени во непозната година Категорија:Православни светци Категорија:Светци од Новиот завет Категорија:Личности од Павловите посланија Категорија:Епископи од 1 век Категорија:Светци од Анадолија Категорија:Христијански светци од 1 век